БИЦ ги дарува децата

clock-img

27.3.2014

Големиот француски производител на училишна опрема ги израдува децата – штитеници на Институциите за заштита на децата во Република Македонија

БИЦ ги дарува децата

 

Француската компанија БИЦ (BIC: www.bicworld.com), која во сопствената голема производна и услужна палета нуди високо квалитетен училиштен прибор за најмладите (дрвени боици, фломастери, моливи и гуми, пенкала во најразлична боја...), донираше пакети производи на дечиња во неколку образовни Институции. Акцијата за дарување е организирана во Институции за заштита на децата: Посебните основни училишта „Др.Златен Сремец“ и „Иднина“, Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци „Ранка Милановиќ“  и Центарот за рехабилитација- Скопје, како и во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола, ПОУ „Климент Охридски“- Ново Село, ЗЗР „Бања Банско“ – Струмица и ПОУ „Маца Овчарова“ - Велес.

 

Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за поддршка и помош на оваа група на деца и младинци и да се потенцира нивната еднаквост во општеството. Со тоа, компанијата сака да покаже дека без разлика на статусот на децата, тие имаат еднаква инспирација, желба и мотив - како да се изразат преку цртање, боење и пишување.

 

„Се надеваме дека со употреба на нашите производи децата ќе бидат во уште поголема можност за изразување на својата креативност преку изработка на цртежи и пишување. Истовремено, веруваме дека оваа соработка нема да заврши сега, туку и понатаму во координација со овие и други центри за образование, образовни институции и училишта ќе организираме и други настани за дополнителна едукација на нашите најмили“, изјавија од компанијата БИЦ (BIC).

 

Со почит,

БИЦ                                                                                                                                       

Скопје, 26.03 2014

 

 

За компанијата:

Компанијата БИЦ (BIC®) е основана во Франција во 1946 година од Маркел Бик. BIC® производите овозможуваат лесни одговори за секојдневните потреби. Во креирањето на својот прв производ BIC® Cristal® пенкалото, BIC® создаде нешто едноставно, сигурно, за леснотија во секојдневната употреба . Компанијата исто така нуди и цела палета на високо квалитетни производи за боење специјално дизајнирани за деца.

 

Компанијата BIC ® е застапена во 160 земји, на секој континент,  и нудат производи во рамките на 3.200.000 малопродажни места. Своето интернационално присуство го претставува со преку 9.200 вработени во целиот свет.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет