cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Автоседиштата повалкани од WC школка?!

Автоседиштата за бебиња содржат два пати повеќе бактерии од WC школката, бидејќи возачите ретко наоѓаат време за темелно да ги исчистат своите автомобили

Автоседиштата повалкани од WC школка?!

 

Малкумина ќе помислат дека после ташните, компјутерските тастатури и мобилните телефони, седиштата за врзување на децата во колите можат да бидат легло на бактерии – поопасни дури и од WC школката.

Студијата е спроведена од група научници од Универзитетот во Бирмингем. Тие анализирале 20 седишта под микроскоп и откриле околу 100 бактерии и разни гливички по квадратен сантиметар.

За споредба, истражувачите ја спровеле истата анализа на WC школките на кои нашле, во просек, по 50 бактерии на квадратен сантиметар.

Бактериите на автоседиштата не се само побројни туку припаѓаат на многу поопасна група, бидејќи можат да предизвикаат потешки заболувања. Посебно се издвоени ешерихија коли и салмонела, која предизвикува дијареја, висока температура и инфекции. Први на удар се децата, чиј имун систем е многу почувствителен отколку на возрасните, предупредуваат научниците.

“Луѓето генерално не се свесни за опасностите кои доаѓаат од нивните валкани автомобили”, објасни за лондонскиот весник лидерот на студијата Марк Грифитс.

За  да ги избегнат овие бактерии, возачите треба редовно да ги чистат автомобилите и седиштата, одвнатре и однадвор, на секои 15 денови, додаде Марк Грифитс.

 

Извор

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет