Апел од мајката на исчезнатото девојче
Мајката упати апел до сите мајки во Македонија, преку Редакцијата на Рингераја

Рингераја.мк денес прва ја сподели веста за исчезнатото девојче во Аеродром
За среќа, девојчето е најдено.
Благодарност до уредникот и Редакцијата на Рингераја уште еднаш вака јавно што бевте и вие дел од тимот кој ми потпомогнавте окулу споделувањето на мојата најголема болка во животот што ја преживеав денеска на мојата мала ќеркичка ..И како читана редакција само можам да апелирам до родителите дека мора оваа влада оваа наша и полиција по ригорозно да обрне внимание и почне да се бави сурово и да стави акцент на оваа проблематика што во последно време стана некако ИН кога се работи за исчезнување на нашите деца. И неможе тек туку така да се забораваат и занемарат овие тешки дела што ги прават таквите и поминуваат неказнето..Па кога год да биде и колку да отвараме очи и ги пазиме од сопствен двор ете се случува за дел од 5 мин едноставно ни ги снемува од очи и завршува трагично..Сочуствувам со доста мајки кои денеска ги запознав и сеуште трагаат по нивните деца и ќе се молам за вас за што побрзо си ги најдете и продолжите да го живеете во љубов заедничкиот живот. Со љубов ваша Sanja Donna.
Рингераја.мк за тоа постои, ДА ПОМОГНЕ ВО НАЈТЕШКИТЕ МОМЕНТИ НА РОДИТЕЛИТЕ!!!
Да Ви и e жива и здрава ќерката Sanja Donna!!!