cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Антибиотиците кога помагаат, а кога прават штета?

Вие или вашето дете има температура, дали ви треба антибиотик? Антибиотиците се едни од најголемите медицински откритија во историјата, лекови што спасиле милиони животи.

Антибиотиците кога помагаат, а кога прават штета?

Но денес, кога се користат почесто и понекогаш без вистинска причина, тие стануваат двостран меч, колку што можат да помогнат, можат и да наштетат ако не се употребуваат правилно.

Во време кога вирусите владеат, а бактериските инфекции се сè помалку препознатливи, важно е да знаеме кога антибиотиците навистина се решение, а кога не се.

 

Кога антибиотиците навистина помагаат?

Антибиотиците се ефикасни само против бактерии. Тоа значи дека се корисни во случаи како:

Бактериски инфекции на дишните патишта: бактериска пневмонија, стрептококна ангина, синуситис со бактеријална причина. Овие состојби често имаат јасни симптоми како висока температура, гноен секрет, болка што се влошува и лабораториски показатели што укажуваат на бактериска инфекција. 

Инфекции на уринарниот тракт. Кај цистит или пиелонефрит, антибиотиците се неопходни за да се спречат компликации. 

Инфекции на кожата: целулитис, инфицирани рани, абсцеси. Потребата од антибиотик во овие случаи зависи од тежината и распространетоста на инфекцијата. 

Сериозни и опасни инфекции: сепса, менингитис, инфекции кај новороденчиња, бактериски инфекции кај хронично болни пациенти. Тука антибиотиците се буквално животоспасувачки. 

 

Кога антибиотиците не помагаат?

Антибиотиците не лекуваат вируси.
Тие нема да помогнат при: настинка, грип, вирусна ангина, COVID-19, бронхиолит кај деца, вирусни осипи.

Иако симптомите можат да бидат непријатни, антибиотикот не го уништува вирусот и не го забрзува опоравувањето.

Напротив, може да го успори, бидејќи ја нарушува природната флора во телото.

 

Кога антибиотиците прават штета?

Антибиотиците се силни лекови и неправилната употреба носи непотребни ризици.

Антибиотска резистенција - тивок светски проблем

Бактериите стануваат „паметни“. Кога премногу често се користат антибиотици, микробите развиваат отпорност и стануваат неуништливи за стандардните терапии.
Ова веќе создава глобална здравствена криза.

Нарушена цревна флора

Антибиотиците убиваат и „лоши“ и „добри“ бактерии.
Резултат на ова се: дијареја, габични инфекции, намален имунитет, проблеми со варење

Кај деца ова може да биде особено изразено.

Алергиски реакции

Од лесни осипи до опасни анафилактички реакции, секој антибиотик носи ризик од одредена алергија.

Оптоварување на црниот дроб и бубрезите

Долга или честа употреба може да влијае на работата на овие органи.

Лажна сигурност

Луѓето често мислат дека ако испијат антибиотик ќе им помине.
Но тоа само го одложува откривањето на вистинската причина за симптомите.

 

Како да знаеш дали ви треба антибиотик?

Немојте самостојно да се лекувате.

Побарај лекарски совет кога имате:

  • температура над 38.5°C што трае повеќе од 3 дена
  • интензивна болка во синусите или ушите
  • кашлица што се влошува по 7 до 10 дена
  • гноен секрет
  • симптоми на уринарна инфекција
  • тешка општа слабост.

Лекарот може да направи брис, крвна слика или CRP тест за да види дали се работи за вирус или бактериска инфекција.

 

Што можете да направите наместо да земате антибиотик кога е вирус во прашање?

На телото понекогаш само му треба време и нежна грижа. Па затоа потреби се: мирување, доволно течности, топли чаеви и супи, инхалации, лекови против болка или температура, мед, лимон, ѓумбир, соленa водa за грло или нос

 

Антибиотиците се благослов, но само кога се користат правилно

Тие се моќен сојузник, но не се решение за секоја треска, секоја настинка или секоја болка во грло.
Премногу користење може да создаде проблеми кои подоцна се многу потешки за решавање.
Антибиотик се пие само кога навистина е потребен и секогаш според препорака на лекар.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет