Ало, амбуланта
Песнички за најмалите

Ало амбуланта
овдека е Дара
несреќа се случи
брза помош бара
Куклето ми падна
рачето го чукна
ножето го скрши
леле главата му пукна!
Ало амбуланта
лекар да се прати
тоа книшка нема
па тато ќе плати
Куклето ми падна
рачето го чукна
ножето го скрши
леле главата му пукна!