cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Детски развој: Здравје и нега

calendar-img

Стални заби
На детето меѓу петтата и шестата година му никнуваат првите стални катници, шестки. Меѓу шестата и осмата година следуваат средните секачи, а од седмата до деветтата година страничните секачи. Меѓу осмата и десеттата година никнуваат четворките, година дена подоцна тројките и после тоа петките. Меѓу 12. и 14. година никнуваат седумките. Осумките може да никнат набрзо по седумките, меѓу 18. и 26. година, или никогаш. Бројот на забите, заедно со осумките е 32. Еволуцискиот развој води кон намалување на бројот на забите, заради тоа често фалат некои заби. Најчесто фалат осумките, петките или двојките.

Први стални заби се обично шестките кои никнуваат зад млечните катници пред да испаднат млечните заби. Родителите мислат дека тоа е уште еден млечен заб и заради тоа премалку водат грижа за неговата хигиена. Кога шестката расте во уста каде има многу нелечени заби, голема е веројатноста и таа да се расипе.

Никнување и распоред на млечните заби

Никнувањето и положбата на млечните заби ја покажува положбата и на сталните заби. Кога меѓу зрелите млечни заби нема растојание и забите во вилицата се тесно еден до друг, може да очекуваме дека во 80% од случаите ист ќе биде распоредот и на сталните заби. Спротивно од тоа, кога е поголемо растојанието меѓу млечните заби можеме да очекуваме подоцнежно ортодонтско поместување на сталните заби и правилен распоред на забите.

Хигиена на устата

Децата и родителите би требало да бидат мотивирани и запознаени со основите на правилната и успешна хигиена на устата која за време на ортодонтското лечење е многу важна. На пазарот има многубројни помагала кои припомагаат за одржување на хигиената при ортодонтска терапија. Тоа се посебни четкици за заби за деца со фиксна ортодонтска протеза, различни забни конци и средства за испирање на устата со флуор, кои се препорачливи за време на терапијата. Децата се задоволни од чистењето и по неколку минути се уверени дека забите им се чисти. Трите минути за миење на забите им се чинат како вечност. Многу поважна од времето за миење на забите е техниката на миење, која детето ќе ја научи до 9. година. До тогаш му треба Вашата помош.

Вошки

Без оглед на тоа колку често ја миете косата на Вашето дете, може од училиште да донесе вошки – незгодна гњаважа која обично се појавува во почетокот на секоја учебна година. Малите деца често си играат така што ги доближуваат главите и заради тоа вошките брзо се пренесуваат. Можеби нема да верувате, но вошките може да ги добиете и на базен затоа што се многу добри пливачи.

Прв знак дека детето добило вошки е изненадно чешање и црвенило во главата. Ако детето донесе вошки, Ве чека многу работа. Освен миењето на косата со шампон, кој можете да го купите во секоја аптека, треба да ја исперете постелнината, крпите и сета облека која неодамна ја носело детето. Со алкохол дезинфицирајте ги сите чешели, четките и останатите помагала за обликување на косата.

Превентивен лек против вошки не постои. Нивната појава може да се спречи ако детето не позајмува капи, крпи и чешели од врсниците, ако при играње не се доближува со главата со врсниците и ако редовно му ја прегледувате косата.

arrow-img

1-4 НЕДЕЛИ

1 МЕСЕЦ

2 МЕСЕЦИ

arrow-img

1 до 4 недели

Добре ни дојде драго новороденче!

news-img

Новороденчето се прилагодува за живот надвор од материцата и во тој период е најосетливо и потполно зависно од грижата и негата на родителите. Првиот месец е период на запознавање и прилагодување со семејството на новиот член. Тоа е многу убав и емотивен, но и доста напорен период.
Првата година, од раѓање па до првиот роденден, го викаме период БЕБЕ. Првите четири недели од животот дополнително ги дефинираме и викаме период НОВОРОДЕНЧЕ. Едно мало новороденче веќе држите во прегратка!

arrows-img

Прочитајте повеќе

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img