09.08.2011, 23:24
2148
- " Ќе те однесеме во рајот, но прво да го видиш пеколот "
Го однесле во пеколот, а таму во средината огромен котел со некоја кашеста материја која била храна. Околу котелот, преполно луѓе со јадни лица, прегладнети и несреќни бидејќи сите имале во рацете лажици долги по 3 метри. Имале храна, имале лажици но не можеле да ја принесат храната до устата, да јадат поради должината на истите. И така овие патетични луѓе и покрај изобилство на храна, гладувале и страдале.
Потоа ангелите го однесле човекот во рајот.
Очекувајќи сосема друга слика, човекот се изненадил кога и таму ја здогледал истата сцена. Повторно огромен котел со каша, повторно луѓе со лажици од 3 метри...само овој пат, луѓето биле насмеани, задоволни, среќни и најадени.
Во недоумица ги прашал ангелите:
- Зошто? Во што е разликата што овие луѓе се СРЕЌНИ ?
- Погледни поубаво - рекле ангелите ..
Се загледал човекот внимателно и тогаш ја забележал разликата. Секој од нив го хранел другиот спроти себе.
Со насмевка ангелите му рекле:
" ОВДЕ ЛУЃЕТО СЕ ХРАНАТ ЕДЕН СО ДРУГ... ОВИЕ ЛУЃЕ ГО НАУЧИЛЕ ПАТОТ НА ЉУБОВТА.
mnogu me bendisa i zatoa sakav da go spodelam si site vas,..pozzzz do site...

само уште кафето ми фали и може да одморам малку
,ај нешто друго срцка за мене ако може
не пашувај денес бев монгу вредна
копав една трева,цел ден во еден квадрат се вртев
ima za site ne se karajte



