Јас би отишла
ти продолжи кога си со детето да го поучуваш, а дедото сам ќе види дека тебе и мт ве слуша а само него нема да го слуша ако го разгалува
и така ќе види ќе невиди ќе го искара
јас дома имам и свекор и свекрва, незнам зошто се што не треба ги учат децата
да не ја сака воспитачката (што е предобра)
да лаже
да го гледа бојан 13 или певалките (од цртаните се расипувале очите)
се за инает изгледа
и пак им ги оставам, тоа што сеат ќе си жнеат
еве ја големата 3 и пол години, мене ме слуша автоматски, по продавници не ми се лигави, ако и речам нешто некогаш негодува ама ме слуша
а тие понекогаш мака си мачат со неа гледа дека со плачење од нив се се добива па им плаче
малата година направи вчера, во неделата правевме крштевка
беше помалку од скромна колку да влеземе во верата
треба пари за било што не можеш само да седиш дома и да немаш пари за основни работи
ни се случи пред два месеци да чекаме неколку дена да дојде плата од мм за сирупче што и требаше на помалата
сега тргнав на работа
за малото немаа место в градинка
и ја оставам дома што да правам
се чувствувам како казнета што морам да оставам деца со некој што очигледно не сака да ми ги варди туку го прават тоа од срам од роднините и комшиите и да се прикажат дека се најдобри да се фалат
се чувствувам уште показнета кога треба од истите луѓе да земам пари или леб
како безизлез
се надевам брзо ќе помине оваа криза и ќе најдам начин да дојдеме до своја куќа и свои примања :(
мора да се работи а децата ќе пораснат секако што ќе им правиме