ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR
.....јас почнав со Микрогинон на втор ден, а со Супрефакт на 15ти, но имаше и други опции што ги разговаравме со доктор Ивановски, ова е она што го одбравме. .........Од време на време имам гадење и нагони за повраќање, болки кај срцето (тоа си го пишува како нуспојава на микрогиноног), и станата сум некако емотивна и плачлива, без некоја причина, дури сама на себе сум си смешна
Ќе ме фати така меланхолија, и ќе си седам така, ко загреота
Ајде, само да е за добро
...................Инаку девојки, денес мерев естрадиол, и добар беше - 7. Од денес почнувам и со Фостимон х 3 дневно, а во вторник на ехо за да видиме што понатаму. Држете ми среќа
.................Девојки, само што бев на ехо. Има околу 7 фоликули на едниот и 4-5 на другиот јајник, сега се околу 9-10мм. Од денес почнав и со по 4 Фостимони, и во петок уште една проверка на естрадиол и ехо. Најверојатно пункцијата би била вторник или среда, па ќе видиме
.......Девојки, бев на проверка на естрадиол и низок е како за после 9 дена стимулации - 515 е, а треба 1000 да фати. Докторот ми ја продолжи и зголеми стимулацијата денес и викендов, па во понеделник пак ќе мерам естрадиол.......Девојки, ми закажаа пункција во четврток
Естрадиолот беше ок, 1583, а бидејќи ќе се боцкам и денес, до утре ќе биде накај 2000............Пункцијата помина ок, аспирираа 10 јајце клетки и примерокот од сопругот е ок, така што ептен сме задоволни. Ембриологот одлучи да се применат и двете методи, и IVF и ICSI, и утре чекаме повик
Анестезијата лесно ја поднесов, единствено имам болка во јајниците и матката која не се смируваше, па бапнав еден кетонал, ми рекоа дека смеам. Од терапија ми дадоа Кринон гел, Декортин, Аспирин и Фемибион. Фала ви на сите за убавите зборови, ептен ми помогнаа
....................Инаку девојки, денес ми се јави ембриологот и ми кажа дека има одлични резултати и 6 ембриончиња!
Утре сабајле во 8.10 треба да одам на трансфер
...................... Јухууу, еве ме и мене со две ембриончиња во мешето :) се помина ок, од 6 оплодени - 3 беа со одличен квалитет. Вративме 2, а за замрзнување ембриологот рече дека не се исплати само за 1, другите не се за замрзнување. Поседов таму, терапијата ми ја продолжија со плус прогестерон на секој 4ти ден по пола ампула. ...................Инаку јас сум ок, понекогаш ќе си ги осетам јајниците, ама тоа не е ни болка, како некое благо пецкање, веројатно од стимулациите. А да - градите ми пркнаа, примети мм
јас општо се чувствувам некако дебела, што од подуеност, што од недвижење, ама ништо страшно
................Инаку јас сум ок, со тоа веќе неколку дена имам киселини во грлото, и што и да каснам одма ми се враќа. Плус, забележав и дека одма се задишувам (а до пред ова имав одлична кондиција, физички активна), стално сум жедна, а градите ми се толку осетливи и зголемени што сама кога ќе се допрам дури ме боли
Си ги ишкам мислите од глава и се трудам да не си наоѓам симптоми, ама ајде де, посилно е од мене
Уште викендов па што вика мм, во понеделник ќе видиме дали сме добиле 7ца на лото
....
.......................Девојки, сабајлево правев бета ХЦГ и излезе 1010!
Вон себе сум од радост и ви го посакувам ова на сите!!! Откако се прибрав со плачење и цивкање на паркингот пред Систина
, отидовме кај докторот и ни потврди дека сум трудничкаааа! Ни кажа и дека најверојатно се и двете, затоа што бетата е висока
Ви праќам baby dust!!!
...............Еве ме и мене, само што се вратив од ехо
Видовме две!