ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
.......Момчето има 33 години, високо образовано, вработено и ситуирано..... проблемот се разви последниве месеци ...како резултат на притисок дека нема девојка, а време му било да се жени......Момчево (интровертен тип од секогаш), осетлив (што би рекле народно) по природа............. потпаѓа под притисоков и доживува психички крах во форма на параноја..........
sandrianaRR, отсекогаш сум била отворена на форумов и се надевам нема погрешно да ме сфатиш, се што ќе напишам е со најдобра намера да помогнам. Според мене, што не значи дека сум во право, можно е да се работи за две причини:
- хомосексуалност, или
- проблем со изразување сексуалност кон девојките, проблем со ерекција, сексуална несигурност и неискуство...
Овие напади кои ги доживеал во никој случај не се случајни и не настанале тек така од муабет дека време му е да се жени. Најдобро да се побара психолошка помош, но ако сака и со тебе отворено да разговара, да каже и да се отвори што му е проблемот.
Моја препорака е д-р Љубинка не знам презиме во 8-ми септември мислам дека е, пробајте да закажете кај нејзе. Што и да е, отворено треба да зборува со некого и кога ќе знае што му е проблемот, тогаш полесно ќе се надмине или барем ќе се ублажи.
_____________________________
Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!