за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Како прво обележје на Македонија а што треба да се случи во јули за време на Петровден е Галичката свадба. Галичката Свадба или Петровденската Галичка (Се одржува секоја година на Петровден 12 јули) свадба е богата со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните „од Галичник до Река“, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој крај на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката свадба која е со најмногу сватови. Галичката Свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство. Обичаи Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба: чекањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и други обичаи, кои полека изумираат но кои во себе содржат и кријат многу детали од животот на Галичанецот во минатото.
< Поракaта ја уредил jovanka -- 9.7.2010 23:32:20 >
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
09.07.2010, 23:43
jovanka
1745
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
10.07.2010, 16:43
Anushka
1392
ме воодушеви Јованка со убавиот пост! Срцето ми заигрува од гордост! Немам ништо галичко во гените, ама... како би отишла таму сега! Братучетка ми е ороводец од „Кочо Рацин“, сега, таму. Ќе ја замолам кога ќе се врати да стави слики тука.
11.07.2010, 01:00
jovanka
1745
Фестивалот Охридско лето е основан во 1961 година. Првиот официјален фестивалски настан е концертот на оперската пеачка Ана Липша Тофовиќ на ден 4 август 1961 год. Фестивалот се одржува секоја година во традиционалниот термин 12 јули-20 август. Фестивалот го финансира Министерството за култура на Република Македонија и спонзори од кои дел припаѓаат на Клубот на пријатели на Фестивалот. Покровител на Фестивалот е Претстадателот на Република Македонија. Од 1994 год. Фестивалот е редовен член на Европската асоцијација на Фестивалите. Во текот на изминативе 48 години, на Охридско лето настапиле многу домашни и странски музички уметници и музички и театарски ансамбли, а меѓу нив и прочуените светски имиња како: Зубин Мехта, Хозе Карерас, Енио Мориконе, Мстислав Ростопович, Џеси Норман, Викторија де Лос Анџелес, Гидеон Кремер, Максим Венгеров, Вадим Репин, Џулијан Рахлин, Хенрик Шеринг, Елена Обраскова, Катја Ричарели и др. Големиот, односно, Златниот јубилеј секако дека ке претставува посебен предизвик за Фестивалот и луѓето што го организираат заедно со финансиерите, пред се Министерството за култура на Република Македонија и сите други помагатели и пријатели, за да се реализира досега најквалитетното издание што ќе соодветствува на рангот и реномето на овој фестивал, а со тоа и достоинствено да ги презентира и уште еднаш ги потврди високите културни вредности на нашата држава, Европа и светот. Со особено задоволство Ве покануваме и ова лето да дојдете во Охрид и од 12 јули до 20 август заеднички да уживаме во прекрасната и чудесна магија наречена Фестивал „Охридско Лето“.
< Поракaта ја уредил jovanka -- 11.7.2010 1:02:28 >
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
11.07.2010, 01:17
jovanka
1745
12 Јули 2010 19:00 ч
Изложба
Сергеј ЦИНГУЛОСКИ
„УГОРЕ ВИСОКО, УДОЛУ ДЛАБОКО - ГОЛА ВОДА“
Сцена : Потпеш
12 Јули 2010 21:00 ч
Свечено отворање на Фестивалот „Охридско лето 2010“ Руски национален оркестар Диригент: Михаил Плетњов (Русија) Солист: Симон Трпчески – пијано (Македонија) Режија: Иван Поповски Зоја Бузалковска
Сцена : Антички театар
13 Јули 2010 21:00 ч
Народно позориште Белград, Република Србија Јован Стерја Поповиќ: „Покондирена тиква“ Режија: Јагош Марковиќ
Сцена : Предворје на Св.Софија
14 Јули 2010 21:00 ч
„Европа сега, Европа без граници“ - Премиера Македонски национален балет Балетски групи од Грција, Италија, Украина, Португалија, Франција
Сцена : Антички театар
15 Јули 2010 21:00 ч Концерт на македонски уметници
Сцена : Св. Софија
16 Јули 2010 19:00 ч
Завршен концерт на семинарот по пијано под раководство на проф. Борис Романов Сцена : Св. Софија
16 Јули 2010 21:00 ч
Драмски театар - Скопје, Република Македонија Вилијам Шекспир: „Хамлет“ - премиера Режија: Дејан Пројковски
Хор „Св. Злата Мегленска“ Диригент: Летка Димоска-Полизова (Македонија)
Сцена : Св. Софија
09 Август 2010 21:00 ч
Турски театар - Скопје, Република Македонија Илхами Емин и Јордан Плевнеш: „Сијах калем“ Режија: Владо Цветановски
Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"
10 Август 2010 21:00 ч
ФРАНЦУСКА ВЕЧЕР НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО Шопенова вечер Четирите Балади на Шопен илустрирани од неговите писма Жером Гранжон - пијано (Франција) рецитатори: Мариел Ожоле (Франција), Фредерик Сунак (Франција)
Сцена : Св. Софија
11 Август 2010 21:00 ч
Љубиша Кировски – виолина (Македонија) Маја Шутевска-Кировска – пијано (Македонија) Сцена : Св. Софија 12 Август 2010 21:00 ч
Рамзи Јаса – пијано (Египет)
Сцена : Св. Софија
13 Август 2010 21:00 ч
Квартет виолончела „Растрели“
Сцена : Св. Софија
14 Август 2010 21:00 ч
Македонски народен театар - Скопје, Република Македонија Коле Чашуле: “Суд“ Режија: Љупчо Ѓорѓиевски
Сцена : Св. Јован Канео
15 Август 2010 19:30 ч
Изложба
СОФИЈА СЕМЕНПЕЕВА„МОЈОТ УНИВЕРЗУМ“
Сцена : Центар за култура "Григор Прличев"
15 Август 2010 21:00 ч
Денис Мацуев – пијано (Русија)
Сцена : Св. Софија
16 Август 2010 21:00 ч
Концерт на македонски уметници
Сцена : Св. Софија
18 Август 2010 21:00 ч
ЧЕШКА ВЕЧЕР НА ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО Гудачки ансамбл со Вацлав Худечек – виолина (Чешка)
Сцена : Св. Софија
19 Август 2010 21:00 ч
Гудачки квартет „Кодаи“ (Унгарија) Гостин: Никола Паскалов – пијано (Македонија) Сцена : Св. Софија
20 Август 2010 20:00 ч
СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ Народен театар Војдан Чернодрински - Прилеп, Република Македонија Бертолд Брехт: „Кафкаски круг со креда“ Режија: Мартин Кочовски
Сцена : Долни сарај
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
12.07.2010, 14:36
jovanka
1745
12 Јули 2010 21:00 ч
Свечено отворање на Фестивалот „Охридско лето 2010“ Руски национален оркестар Диригент: Михаил Плетњов (Русија) Солист: Симон Трпчески – пијано (Македонија) Режија: Иван Поповски Зоја Бузалковска
Сцена : Антички театар
Рускиот национален оркестар е во постојана побарувачка од неговата московска премиера во 1990 година. За дебито на оркестарот на БиБиСи Промс во 1996, весникот „Евенинг Стандард“ напиша: „Тие свиреа со таква заносна убавина што публиката даде неумислена воздишка на задовослтво“. Првиот руски оркестар кој настапувал во Ватикан и Израел, РНО задржува активен меѓународен распоред на турнеи, појавувајќи се во Европа, Азија и Северна и Јужна Америка. Гости уметници кои настапуваат со РНО на турнеи ги вклучуваат диригентите Владимир Јуровски, Никола Луизоти, Антонио Папано, Алан Гилберт, Карло Понти и Патрик Самерс и солистите Марта Аргерих, Јефим Бронфман, Ланг Ланг, Пинкас Цукерман, Сер Џејмс Галавеј, Џошуа Бел, Ицак Перлман, Дмитри Хворостовски, Рене Флеминг и многу други. Списанието „Грамофон“ го нарече првото ЦД на РНО (1991) „восхитувачко искутство, ќе можат ли човечките битија да свират вака?“ и го класифицира како најдобрата снимка на Патетичната Симфонија на Чајковски во историјата. Аудио записот на РНО на симфониската поема „Петре и волкот“ диригирана од Кент Нагано и со нарации на Софија Лорен, Бил Клинтон и Михаил Горбачов, во 2004 доби Греми награда, со што РНО е првиот руски оркестар што ја добил највисоката награда на оваа индустрија. Како признание за неговата уметничка вредност, Руската Федерација неодамна го награди оркестарот со грант, кој е за прв пат доделен на невладин оркестар. Михаил Плетњов е уметник чиј гениј како пијанист, диригент и композитор ги маѓепсува и воодушевува аудиториумите низ светот. Неговата музичка вештина поврзува силна техничка моќ и провокативен емотивен распон и интерпретација која го соединува инстинктот со интелектот. Во 1990 година, Плетњов го оформи првиот независен оркестар во руската историја. Ризикот од овој чекор, и покрај подршката од Горбачов, беше огромен. Репутацијата и посветеноста на Плетњов, го остварија неговиот долгогодишен сон. Делејќи ја неговата визија за нов модел на изведувачка уменотст, многу од најдобрите музичари од Русија, му се придружија на Плетњов во лансирањето на Рускиот национален оркестар. Како гостин диригент, Плетњов редовно се појавува со водечки оркестри како лондонскиот оркестар Филхармонија, Малер камерниот оркестар, Филхармонијата на Токио, Концертгебау оркестарот, Лондонскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Лос Анџелес и Симфонискиот оркестар на градот Бирмингем. Како солист на пијано и со свои рецитали, Плетњов редовно настапува во светските музички метрополи. Неговите снимки и живи изведби го докажаа како истакнат интерпретатор на опширен репертоар. Како композитор, неговите дела вклучуваат „Класична симфонија“, „Триптих за симфониски оркестар“, „Капричо за пијано и оркестар“. Неговите изведби на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 и „Годишните времиња“, заедно со неговите транскрипции на „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“ на Чајковски беа избрани за антологијата „Големи пијанисти на 20-от век“ во 1998 година. Симон Трпчески се наметна како еден од најинзвонредните млади музичари кои се појавија во изминатите години, свирејќи со многу од светските големи оркестри и диригенти, воодешувајќи публики ширум светот. Во изминатите неколку сезони, Симон Трпчески настапуваше ширум светот, вклучувајќи настапи со Њујоршкиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Лос Анџелес, Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, Сиднејскиот симфониски оркестар, Мелбурншкиот симфониски оркестар, Ротердамската филхармонија, Концертгебау оркестарот и многу други. Супериорен рециталист, Симон Трпчески настапувал со соло рецитали во Амстердам (на главната сцена на Концертгебау), Атланта, Билбао, Хамбург, Лондон, Милано, Минхен, Њујорк, Париз, Прага, Сан Франциско, Сиетел, Токио, Торонто и Ванкувер. Доби многу пофалби за неговиот прв аудио запис за ЕМИ, со дела на Чајковски, Скрјабин, Стравински и Прокофјев, кој запис е исто така добитник на Грамофон наградите за најдобар деби албум и наградата за избор на уредникот. Следните дискови со дела од Рахмањинов и Шопен беа еднакво добро примени и во 2008 издаде уште еден диск со дела од Дебиси, кој беше одлично прифатен од критиката. Роден во Македонија во 1979 година, Симон Трпчески е добитник на награди на меѓународни натпревари во Велика Британија, Чешка и Италија и му е доделена наградата „Млад уметник“ на Кралското филхармониско друштво во 2003. Дипломирал во 2002 година на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што учел со професор Борис Романов. Симон во моментов предава на матичниот факултет.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
23.07.2010, 23:28
jovanka
1745
Во Крушево со зборовите на Туристичкиот манифест започна манифестацијата ,, КРУШЕВО ЕТНО ГРАД,, До 10 Август Крушево ќе биде центар на настани во кои ќе се слават историјата, традицијата, старите занаети, рецепти и ќе се пеат староградските песни а сите ќе бидат облечени како комити или а ла франка и а ла турка... ВО КРУШЕВО ЗАПОЧНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ,, КРУШЕВО ЕТНО ГРАД,,
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
23.07.2010, 23:32
jovanka
1745
Крушевската Република 1903 г. траела само 10 дена и е најзначаен период од македонската историја. Затоа од 1967 г. па наваму традиционално секоја година од 1 до 10 Август се одржува манифестацијата “ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА”. Цел на овие научно - културни средби е да се афирмира национално-ослободителната борба за слободна и самостојна Македонија, да се објават публикации и научни трудови, како и низ разни културно-уметнички форми, да се промовира македонскиот традиционален дух. Богатиот македонски фолклор и народната песна, традиционално е присутен во сиот свој раскош на звуци, бои и носии во оригиналните и стилизираните настапи на реномирани културно-уметнички друштва од Републикава. Во рамките на манифестацијата ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА на Илинден, Втори август, традиционално се одржува голем народен собир, на Мечкин камен - бедемот на Крушевската Република, локалитет од каде што последните борци ја бранеа големата идеја на Крушевската Република и преставува симбол на херојство и непокорност на македонскиот народ. Ликовна колонија Почнувајќи од 1997 г. во Крушево постои ликовна колонија каде се презентираат делата на познати домашни и странски автори кои го сликаат Крушево и околината, староградската архитектура, прекрасните пејзажи и т.н Етно саем Во Крушево сеуште рачно се ткаат: јамболии и батании; се плетат и везат: перници, пердиња, милиња, чаршафи; кои се дел од традицијата, обичаите и културното наследство на ова поднебје. Вештите крушевски златари ја знаат мајсторијата и занатаот на традиционалната рачна изработка на благородните метали и со право се гордеат со рачно изработениот филигран, рачно работен и лиен сребрен и златен накит како и др. златарски производи. Крушевчани ги негуваат и старите занаети калајџиски, кујунџиски, казанџиски. Сите тие вредни рачни изработки на нашите мајстори можете да ги видите на едно место секоја година од 1-5 август на ЕТНО- САЕМОТ кој традиционално се одржува од 2003 г. под покровителство на Министерството за Култура на Република Македонија во организација на Историскиот Музеј од Крушево и граѓанските здруженија.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
23.07.2010, 23:34
kromitce
52
ние веке планираме да го посетиме крушево следниот викенд. од претходната година имам чуено дека било доста интересно. па ке видиме