| 
	   
	    | 
		    
			  | Snowhite RR ->  RE: Болести кои ни ги носи градинката  (22.10.2011 19:30:24) |  
			  | Михиал доби инфекција некоја на очите, огромни зелени му излегуваа од очите, пред некој ден јас бев прва смена и мм требаше да го носи во градинка и сабајлето се мачел пола саат да му ги отвори очите, му биле залепени, а претходниот ден само малку му беа како поднастинати со гурелчина, па одручектта го однесов на лекар и ми рече дека од градинка е, дека и други дошле со таков проблем, па ни даде капки цитерал и маст хлорамфеникол и ни рече да не оди во градинка, па четвртокот и петокот не го однесов, е сега во средата ако има некое друго дете префатено, тоа е што да правам, не знаев[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image].  За среќа во четвртокот му капнував четири пати и во петокот бевме на контрола и рече дека е доста подобрен, ама мора барем пет дена да капнуваме и маст да мачкаме и плус ни даде Цефаклор сируп, зашто поткашлуваше и реков да му го види и грлцето и рече дека не е ништо чудно дека инфекцијата може да се пренесе веднаш и во носето и во грлото.
 Се сеќавам и лани другарка ми кога почна да го носи во градинка нејзиното дете, исто ваква инфекција доби[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
 
 |   
	          | 
 |  |  |