| 
	   
	    | 
		    
			  | Ikana ->  RE: Болести кои ни ги носи градинката  (22.11.2012 12:52:06) |  
			  | Шарлах е скарлетна треска, многу заразна и лесно пренослива болест чии симптоми се црвено грло, висока темература, главоболка, повраќање и осип по детската кожа, кој се јавува на вратот, градите, позади ушите и внатрешната страна на бутовите, кожата на допир е како шмиргла. Првите симптоми се јаувваат 12 до 48 часа по заразувањето. Преносители се деца на возраст од 4 до 8 години, а тие и најчесто заболуваат од шарлах. Децата можат да се заразат ако вдишат мали капки од кашлање и кивање на заразена личност. Се третира со антибиотици и третманот трае 10 дена. Нема потреба од паника, лесно се третира болеста во денешно време. Инаку е бактериска инфекција од некој вид стрептокока бактеријата.
 Побрзо оздравување Јами Мами, бидете силни!!!
 |   
	          | 
 |  |  |