Maca25 -> RE: Висок крвен притисок (29.11.2010 16:49:14)
|
Препорачливи намирнци за намалување на високиот крвен притисок ( храна која треба да се јаде): - Омега 3 масни киселини (туна, сардини, гргеч, ореви) - Витамин Ц (папаја, диња, зрнесто овошје) - Калциум (обезмастени млечни производи, бадеми, прокељ) - Магнезиум ( ореви, лисест зелен зеленчук) - Калиум ( банани, бел компир, јогурт) - Зелјест зеленчук (прокељ, кељ) - Лук и целер Омега 3 масните киселини - оние кои се наоѓаат во рибата и маслото од ленените семки - го спречуваат стеснувањето на крвните садови и го намалуваат покачениот крвен притисок. Лукот и зеленчукот од семејството на лисести зеленчуци (прокељ, зелка, кељ) содржат сулфурни соединененија, кои исто така го намалуваат крвниот притисок. Целерот содржи соединение наречено 3- бутилфталид, кој го намалува крвниот притисок на лабараториските глувци. Кинезите столетија наназад го користеле токму за крвен притисок. Витаминот Ц е исто така ефикасен во намалување на крвен притисок. Според едно истражување, кај лицата кои внесувале дневно по 1000мг вит. Ц, дошло до значително намалување на систолниот притисок кој се движел во рамките на горната граница. Натриум хлоридот или готварската сол, го зглемува крвниот притисок кај лица кои се чувствителни на сол. Американското здружение за срцеви заболувања препорачува дека не смее да се внесува повеќе пд 2 грама сол на ден.
|
|
|
|