niki -> RE: Криза на третата година кај децата (8.2.2010 8:55:18)
|
Се кризираме веќе некое време, заедно. Желбата за самостојност и се можам сама мене лично многу ме радува. Тоа значи помалку обврски за мене. Она со кое незнам како да се справам се невозможните желби. Пр. одиме на плажа да летаме летало. Велам јас: Види колку убаво се дигнало леталото високо, високо! А таа: Мамо и јас сакам да бидам летало и да летам таму високо! Јас: Неможеш ти, ти си дете, деца не летаат. Летаат летала, птици, авиони, хелихоптери исл. Таа: Ама те молам, мамо, те молам, те молам, сакам да бидам летало! Ох... објаснувам јас, зборувам, а таа по свое и на крај ќе почне да плаче и да вреска, ааааааааамааааан. Мене косата ми се крева, како да објаснам дека јас не сум волшебникот од Оз кој прави магија. Всушност не е ни битно што јас објаснувам, тоа што неа и се свртело во умот е единственото што го слуша и разбира, се друго се празни зборови во воздух, не допираат до неа.
|
|
|
|