Џесика -> RE: Семејства со тројки (27.10.2010 23:50:37)
|
Е морам да се произнесам на темава. Едно време пред а се мажам работев како дадилка, во неколку фамилии чував деца, и ми понудија да одам во фамилија кајшто има тројка... толку бев среќна и возбудена дека ќе има 3 бебчиња околу мене, немате појма. Мајката беше супер, бебињата беа мирни и весели, имаа по 8 месеци, играњето со нив беше милина, хранењето беше хумор, а заспивањето беше напор невиден... мајката прво оди во соба да го заспие едното, а јас во дневна ги држам другите две во раце и притоа да не пуштат глас за првото да заспие. После двете фаќаме по едно и така заспиваа... слатко искуство, ама луѓе, верувате или не, издржав само 3 дена, третиот ден веќе бев цела укочена во кичмата... мајката малку се лутеше дека се откажав, ама тоа беше што беше, што се не може, не може... јака им душа на тие со тројки, иако и нив им е тешко, тие имаат невиден елан и не се жалат воопшто... јас сепак не би сакала, ни близнаци, а камоли тројка... не фала [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
|
|
|
|