Идентични (еднојајчани) близнаци (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Двојки, тројки, четворки



Порака


Палешка РР -> Идентични (еднојајчани) близнаци (19.6.2009 10:54:35)

Близнаците кои настанале со делење на една оплодена јајце клетка во два посебни плода, се нарекуваат идентични или еднојајчани близнаци.
Оплодената јајце клетка, од непознати причини се дели на два плода, во првите 14 дена од оплодувањето, кои добиваат иста генетска слика. Во последно време преовладува мислењето дека монозиготните близнаци се раѓаат ако мајката претходно примала лекарства за стимулирање на овулација.






mami -> RE: Идентични (еднојајчани) близнаци (19.6.2009 11:00:53)

мислам дека ако мајката земала било какви средства за стимулирање тогаш 90% се раѓаат близнаци, а еднојајчаните се сепак дел од природата




Палешка РР -> RE: Идентични (еднојајчани) близнаци (19.6.2009 11:01:59)

Интересно во врска со еднојајчаните близнаци е тоа што едновремено имаат исти чувства. Ако едното го боли заб, го боли и другото, ако едното плаче, другото е тажно, кога се среќни истовремено се среќни.
Во нашиот град има многу пара еднојајчани близнаци. Едни од нив учат заедно со Марио, близначки, и се наши пријатели.
Нивните родители раскажуваат за интересни случки.
Мајката е во едната соба со едната ќерка, а таткото ја капи другата и ја скокотка. Сара, која е со мајката кажува дека има чудно чувство под пазувите и се смее...
Стефани е на заболекар и во живо му пренесува на таткото што во моментот чувствува Сара и колку ја боли, бидејќи ја има истата болка...и точно знае кога завршила интервенцијата врз запчето на сестричката.
Тие имаат по тринаесет години и само нивните родители можат да ги распознаваат која е која.
Имаат случки и со наставниците...одговара таа што знае...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Интересна и чудна е генетиката...




Палешка РР -> RE: Идентични (еднојајчани) близнаци (19.6.2009 11:04:11)

Мами, еве линк каде е подетално опишано како настануваат.

http://www.net.hr/bebe/page/2002/10/24/0483006.html




skorpijana -> RE: Идентични (еднојајчани) близнаци (5.4.2010 12:44:32)

kako da doznaam dali moite bliznaci se ednojajceni 




mamadise -> RE: Идентични (еднојајчани) близнаци (7.8.2011 23:26:00)

Sega bas se interesiram za temava i citam nekoi knigi za ednojajcanite bliznacita.Postojat tri tipa na ednojajcano bliznaci i toa:
-dvata ploda vo eden vodenjak i edna postelka
- sekoj plod vo poseben vodenjak, a edna postelka ( vakvi se moive)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
- i dve posebni postelki i dva vodenjaka za sekoj od plodovite, za ovoj tip e pokomplicirano da se utvrdi dali se ednojajcani ili dvojajcani bliznacinjata.




Milicka27 -> RE: Идентични (еднојајчани) близнаци (27.3.2014 20:48:59)

И јас кога последен пат бев на контрола во Плодност ми кажаа дека ми се секој плод во посебен водењак а само една плацента[sm=smiley36.gif] па да видиме дали ќе си личат или не хахахах како и да е само да се здрави и живи [sm=duda.gif]




SOLE -> RE: Идентични (еднојајчани) близнаци (27.1.2017 12:12:21)

Moite se ednojajceni bliznacinja i mnogu si licat, sega se devet meseci, pravat isti grimasi,se isto sakaat. Nie si gi razlukuvame no drugi od strana ne [sm=smiley1.gif] mnogu ni e interesno.




Страница: [1]