Загадувачи на околината (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


Еца -> Загадувачи на околината (27.1.2010 12:20:18)

Една погрешна одлука во осумдесетите години го чинеше Велес перманентно труење со тешки метали, кадмиум, сулфур. Генерации велешани, особено велешките деца се со трајни последици по своето здравје. Граѓаните на Велес се неуморни во битката за чиста и здрава еко средина, како и не би биле. Последиците од 30 годишното труење на Велес предизвикано од тешките метали кои ги испушташе во воздухот топилницата - се присатни во “развојот“ на младите генерации на велешките деца, дури и во малиот наталитет и проблемите во зачнување на плодноста ...

Темата ја отворам бидејќи сметам дека е од огромно значење и нашата поддршка за сите кои водат војна со одредена група на луѓе кои бранат свои лични интереси. Осве топилницата во Велес, нормално не изостанува и загадувањето од ОКТА. Но знам дека има уште многу гиганти - загадувачи кои воопшто не ги интересира здравата околина, туку нешто сосема друго, а тоа е профитот. Колку сме запознаени со загадувачите во нашата околина.




mother 29 -> RE: Загадувачи на околината (27.1.2010 12:25:38)

гледавте вчера Евро-зум?
оваа беше темата...страшни слики  и стории леле[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]


СТОП ЗА РЕСТАРТИРАЊЕ НА ТОПИЛНИЦАТА ВО ВЕЛЕС




mami -> RE: Загадувачи на околината (27.1.2010 12:45:59)

Имам другари извидници од Велес, па почесто сум одела таму, имам на лице место видено со какви се проблеми се соочуваат тие луѓе, колку еколошките организации се трудат да направат нешто, но залудно, сите се плашат дека топилницата ке проработи и градот едноставно ке изумре..Ужасно е тоа што им се случува, не би сакала да сум во нивна кожа




betpet -> RE: Загадувачи на околината (27.1.2010 13:03:14)

Секој сака здраво поколение, што во Велес многу тешко и со страв се стекнува. Многугодишното работење на овој гигант-Топилница значеше богатство за градот,вработеност,висока економија и многу среќни семејства со високи плати. Но наспроти овие позитивности, се создадоа многу негативности кои со години не можат да се исчистат.Тешки се последиците од нејзиното работење, живо родени деца со големи аномалии, што не дај Боже на некој да му даде Господ. Но кога ќе дојде што се може и тие денес живеат со тешки маки како за родителите така и за нив. Го нема на светот тоа богатство од здраво дете и здрав човек.
Но најтешка е таа политика што секогаш кога се продава овој гигант, не се мисли за последиците од нејзиното работење, туку само на тешките милиони што би ги добиле од работењето и тоа секогаш се доверители кои се со седиште надвор од државата. Тоа се луѓе кои не би воделе грижа за здраво населението, туку за својот интерес.
Општината Велес, заедно со многу НВО води долгогодишна битка да не дозволи  рестартирање на овој гигант. За оваа цел се смени и ДУП за тоа подрачје, да не се дозволи градба и постоење на таа тешка индустрија на тоа подрачје.
Во оваа борба сите сме единствени, но не секогаш зависи од нашата одлука. Влијанието на високата политика и нивните интереси што чинат човечки живот, секогаш победуваат.
Ќе се бориме се во интерес на нашите поколенија, да живеат во здрава и чиста околина.
Се надевам дека нашата упорноста и вистинските докази(докуметација, студии,анализи и др) ќе победат.
Уставот на РМ вели-загарантирано е правото на секој човек на здрава и чиста околина, ако владата го дозволи рестартирањето на овој објект, значи дека го прекршува најголемиот акт на државата.
Со тоа ние ќе победиме, а тие ќе изгубат.




mother 29 -> RE: Загадувачи на околината (27.1.2010 13:07:23)

Знаете, дека првично во план било да се гради во Кочани,ама се бунеле Велешани и "победиле"!






betpet -> RE: Загадувачи на околината (27.1.2010 14:00:27)

Мислам дека борбата за каде да биде била помеѓу Велес и Штип, а  не Кочани. Но Киро замешал прсти, знаејќи ги зборовите на  германецот кој ја изградил кој рекол"Топилница гуд, а Велес капут".




vezilka RR -> RE: Загадувачи на околината (27.1.2010 16:24:51)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29


СТОП ЗА РЕСТАРТИРАЊЕ НА ТОПИЛНИЦАТА ВО ВЕЛЕС







mother 29 -> RE: Загадувачи на околината (27.1.2010 22:09:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Знаете, дека првично во план било да се гради во Кочани,ама се бунеле Велешани и "победиле"!




ova go znam ,zasto mojot dedo (bog da go prosti),ucestvuval vo pregovorite kkao togasen direktor na distribucija.i mi ima kazuvano deka trebalo da bide na mestoto na denesna Celuloza-Hartija...bluski kaj moite deka ziveat.




Bea -> RE: Загадувачи на околината (1.2.2016 9:34:36)

Не можев да најдам посоодветна тема, ако има потреба модераторите нека го преместат прашањево.
Како се справувате со загадениот воздух?
Мене сериозно ме загрижува загаденоста. Живеам во Аеродром во дел што нон стоп се гради. Прашината дома ми е кафена како земја да бришам од мебелот, не прашина. Носот ми е нон-стоп полн, само слушам за проблеминна дечиња што со месеци кашлаат и кога ќе ми текне дека на свет треба да донесам бебе во ваква загаденост, баш сум загрижена.
Знам дека нема што многу да се направи, освен одење на планина почесто, ама со новороденче или мало бебе - каде? Провертрувате ли дома, имате ли прочистувач, што правите?




LoveableMe RR -> RE: Загадувачи на околината (1.2.2016 10:03:36)

Беа кога гледам дека воздухот надвор е загаден, не проветрувам често, а користиме дормео освежувач и прочистувач на воздух, но знам дека има и други од други фирми кои се исто така добри.

Спасот е секако одење во природа, дишење на чист воздух, повеќе здрава храна, друго немаш опции, не можеш да се спасиш од загадениот воздух....




Страница: [1]