Кожна алергија (уртикарија) (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Алергија



Порака


ripce -> Кожна алергија (уртикарија) (5.1.2010 0:30:34)

Мајките често реагираат со страв кога ќе видат исип по кожата на детето. Исипот може да настане од храна, медикаменти, аерогени или супстанции што се вдишуваат, од контактни супстанции (облека, хемикалии), од убод од инсекти, од глисти во цревата и многу често од вирусни и бактериски инфекции. Кожната алергија ја предизвикуваат сите видови алергени од животинско и од растително потекло. Тие влегуваат преку дишните патишта, храната и преку кожата. Кожната алергија, како и сите други алергични манифестации, се сретнува почесто кај деца со атописка конституција, кај деца чии обата родители се оптоварени со алергични заболувања. Алергичните реакции на кожата се разнообразни по вид и тежина и се: лесни и тешки алергиски реакции. Во лесни алергични реакции спаѓа алергичниот еритем на новороденчето. Тоа е црвено-розов исип што се појавува 3-5 дена по раѓање. Понекогаш може да биде дифузен по целото тело и со меурчина над исипот. Се должи на некои белковини од мајката што преку плацентата поминуваат во крвта на детето.

Уртикарија (копривка) се кожни промени, црвени едематозни плочи што поттикнуваат силен јадеж. Причините се многубројни: алергени од храна, месо, риба, јајце (адитиви), од лекови (антибиотици) аспирин, антибиотски масти аплицирани на кожата, од животинска лига (куче, маче), паразити (глисти ламблии), вирусни и бактериски инфекции, убод од инсекти.

Копривката се појавува со црвен исип издигнат над кожата во вид на плочи ограничени или споени во поголеми површини. Има бледи рабови или посветли точки во средината. Брзо се шири по целото тело и може да се изгуби за неколку часа или за неколку дена. Детето е вознемирено, има температура, болки во зглобовите и стомакот, повраќа и има пролив. Прво треба да се најде и да се отстрани причинителот - ако е храна да се направи висока очистителна клизма или да му се даде средства за брзо празнење. Диетата не треба да трае повеќе од 2 до 3 дена, без белковини. Строфулус се ситни папулки издигнати над кожата со меурче на површината. Се јавуваат по екстремитетите, а ретко на лице и на тело. Многу ретко се создаваат по телото и не се појавуваат во усната шуплина, на слузницата. Тие се со големина од зрно леќа до зрно грашок. Меурчето брзо се суши, станува струп и предизвикува јак јадеж. Се појавуваат некогаш при "излегување" на запчињата или при замена на млечната храна со општа. Нема потреба од терапија.




ripce -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:20:54)

Само што си дојдов од болница, сакам да го споделам моето искуство, што ми се случи деновиве... во четвртокот спрема петокот ноќеска, си отидовме дома од кај моите, мм остана кај неговите да го лечи мајка му зашто имаше Т 39,5... и викам ајде пред спиење да не јадам нешто друго земав овошен јогурт од малини... ретко јадам еднаш во три месеци можеби, и досега ми се нема случено ништо... само што го изедов и си легнав... накај 1 часот, почна да ми станува лошо како да ќе повраќам... додека станав почна да ми се врти, ми стана темно пред очи, едвај отидов до вц... некако успеав да се натерам да повратам... во меѓувреме и се јавив на моите да дојдат... почна да ме гуши нешто, кога се гледам во огледало целата црвена... прво почна околу вратот, градите, па по нозете... отидовме во брза помош, ми ставија инјекција Синопен и ме пратија во болница на кожно... останав ноќта ми ставија инфузија се смири некако , и сабајлето пак избувна... па уште една инфузија, не смеам ништо да јадам само варен компир, банана и цеден лимон... до вчера вечерта се смири... синоќа ми дадоа Лоратидин, спиев цела ноќ... сабајле пак инјекција Синопен, па уште една инфузија и ме пуштија, со препорака ако пак се појави, да се вратам назад... ќе пијам најмалку 1 недела Лоратидин, и на диета, компир, банана и лимон, утре може јаболка, па нареден ден ориз и така.




profesorica -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:24:41)

лелееееее риче, не ми се верува. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] низ што си прошла.значи од малините????




ripce -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:25:47)

најверојатно проф... уфф значи што може да направи алергијата... после ова се плашам и вода да се напијам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




BEBICA -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:26:12)

Lele zlato znam sto si pominala.Jas imav vakva alergija, mislam simptomite bea isti so taa razlika sto jas dobiv i napad na gusenje.
So loratidinot podolgo vreme ke se druzis, dobro e sto ne dois sega inaku ne bi ti go dale.




profesorica -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:26:24)

а се исфрла ситно или?

леле од памет се извадив...па и сама си била без мм..леле јадна ти[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]

а сега како си?




profesorica -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:30:02)

рипче и пиши од кое овошно јогурче?????леле сбекор ми нонстоп му дава на дамјан овошни јогурти и од малина и од јагода и од капина а јас сум алергична на јагоди и ми е страв да не сум пренела нешто на Дамјан [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




BEBICA -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:30:38)

Najverojatno e od malinata no, no moze i nekoj sostojka vo ovosniot jogurt da ne ti odgovara.Alergijata e mnogu losa rabota, vo eden moment ajdens nesto najnormalno a vo drug moz da ti izbije bas na toa sto go jades.
Ne se plasi ripce ke projde, samo cuvajse, pogotovo ovie denovi.Alergijata se pojavuva ili na prezasitenost vo organizmot od toj proizvod ili pri pad na imunitetot.




ripce -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:30:42)

Не се исфрлив, бев жар црвена, а пликови немаше... сега сум добро, се смири црвенилото, само како што кажав мора многу да внимавам на храната.

Да, да Бебице најпрво ме праша д-р зашто знае дека имам детенце, дали уште го дојам... ако го доев, ќе морав да го одбијам, уште полошо во ваков момент на алергија... како прво нели заради лекарствата, а и ништо не јадам, па веројатно млекото ќе се редуцираше[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




profesorica -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:32:20)

леле ме исплашивте[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




ripce -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:32:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

рипче и пиши од кое овошно јогурче?????леле сбекор ми нонстоп му дава на дамјан овошни јогурти и од малина и од јагода и од капина а јас сум алергична на јагоди и ми е страв да не сум пренела нешто на Дамјан [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]


не го знам точно името, кога се вратам дома, пошто сум кај моите, ќе видам во корпата што пишува на пакувањето... знам дека долниот дел од пакувањето е црвен.




mis. -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:32:42)

Рипче како бе така сега да ти се јави алергија на малини,дали си алергична на нешто друго или оваа прв пат ти се јавува.Страшно затоа претпазливо посебно со дечињата мене ми е многу страв[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Ај побрзо да оздравиш па алерго тест барем да знаеш со сигурност од што е да знаеш од што да се пазиш.




profesorica -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:33:41)

значи види која фирма е овошното јогуртче и овбавезнио да пишеш

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




BEBICA -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:34:26)

E dragi moi jas ednaska pisav deka sesto rabotat so ovosnite jogurcinja a nie im gi davame na nasite najmali.Duri i datumot go menuvaat so projden rok prodavaat.Zatoa jas pravam doma od toj strav, posto se imam izgoreno na svoja koza.Eve jas od 2004 na primer ne jadam voopsto jajca.Toa se 6 godini.




ripce -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:35:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Najverojatno e od malinata no, no moze i nekoj sostojka vo ovosniot jogurt da ne ti odgovara.Alergijata e mnogu losa rabota, vo eden moment ajdens nesto najnormalno a vo drug moz da ti izbije bas na toa sto go jades.
Ne se plasi ripce ke projde, samo cuvajse, pogotovo ovie denovi.Alergijata se pojavuva ili na prezasitenost vo organizmot od toj proizvod ili pri pad na imunitetot.



Не утврдија од што е точно, но се претпоставува дека можеби е од конзервансот во овошниот јогурт... инаку 100 % ми е од овошниот јогурт, зашто не јадев од 15 часот до вечерта до 12 и нешто, ништо друго... па нема смисла нели да е од нешто друго[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




BEBICA -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:42:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Najverojatno e od malinata no, no moze i nekoj sostojka vo ovosniot jogurt da ne ti odgovara.Alergijata e mnogu losa rabota, vo eden moment ajdens nesto najnormalno a vo drug moz da ti izbije bas na toa sto go jades.
Ne se plasi ripce ke projde, samo cuvajse, pogotovo ovie denovi.Alergijata se pojavuva ili na prezasitenost vo organizmot od toj proizvod ili pri pad na imunitetot.






Не утврдија од што е точно, но се претпоставува дека можеби е од конзервансот во овошниот јогурт... инаку 100 % ми е од овошниот јогурт, зашто не јадев од 15 часот до вечерта до 12 и нешто, ништо друго... па нема смисла нели да е од нешто друго[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]



Ripce tebe ke ti utvrdat od sto si alergicna duri otkako ke pomine terapijata so loratidinot, koja moze da trae od 10 do 15 dena.
No sigurno e od ovosniot jogurt stom si imala takva buuurna reakcija.





Еца -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (9.1.2010 13:51:48)

Навистина Рипче лоша работа, ова какви времиња нездрави дојдоа да не знаеш на што ќе покажеш алергија. Страшно!




Natasha5 -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (23.1.2010 22:17:47)

леле помагајте дали некој имал вакво искуство со детето.до сега Јана не имала никаква алергија(не знам и дали е алергија),на десното раче и се појави на две места црвен осип некакви ситни ,многу ситни мозулчиња (собрани како во купче).Не знам дали е алергија затоа што е само на едното раче и никаде на друго место.А да напоменам и ставив бројаница да носи, па сега и ја извадив.Мозно ли е да е од бројаницата или од храна??? Не знам да еод храна би се појавила насекаде а?




BEBICA -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (23.1.2010 22:22:31)

Natasha i kaj Monika taka ednas na liceto i izleze vo krug ko mali bromcinja i se ispplasiv no za dzabe.Nie brzo odma na sovet kaj pedijatarot i ni kaza deka ne e alergija nitu egzema tuku ednostavno se doprela od nesto sto ja izritiralo nejzinata koza i ni rece ako ne se povlece za dva do tri dena povtorno da dojdeme.No normalno nemase nisto posle dva dena otkako ja mackav so Nivea baby mast za osetliva i ostetena koza i se povlece.
a posle se setiv deka mm si igrase so nea i se doprea so licata a mm imase malku brada i dovolno.I sega samo go karam da ne i se priblizuva koga ima brada samo nebricen.
Moe mislenje e deka mozebi e od brojanicata.
Mozebi ne sum vo pravo no toa e samo moe mislenje.




mother 29 -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (23.1.2010 22:27:54)

AKO I  se dvata osipa na isto race ,najverojatno e od toa,od brojanicata....namackaj ja so jekodermce i sledi da ne se siri na drugo mesto.




Natasha5 -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (23.1.2010 22:31:03)

леле фала ви многу




Slagjana -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (25.5.2011 12:54:14)

На многу теми напишав по нешто, па сега и овде. Ќерка ми (1 година и нешто) има кожна алергија 3 дена. Прво беше настината и пиеше Алмацин и по 7 дена крена температура и доби осип. Сирупот го прекинавме. Сега прима инекции кортикостероиди и навечер се смирува состојбата и другиот ден пак почнува. На диета беше досега со тоа што млеко почнав да и давам кога видов дека и без него не се подобри ништо. Не јади ништо освен течности, а сега и млекото и го сменив со Нан 2 хипоалергено. Денес нема нови црвенила, ама страв ме фаќа да не и се појават кога ќе престани дејството на инекцијата. Повеќе не смее да ги прима. Да биди уште полошо настинката што ја имаше и слезе надолу и сега кашла, а не смее да пие никаков сируп. Ако не помини ќе не пратат Козле. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Дали некој имал слично искуство?




mila mama -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (25.5.2011 14:02:18)

Slagjana kako ja diagnosticiravte alergijata? Napravivte li alergo test? Mozebi osipot i bil od visokata temperatura. Ako alergijata e dokazana najdobro sto mozes da napravis vo ovoj slucaj e prirodno da i go zajaknes imunitetot. Davaj i dodatoci vo ishranata. Davaj i esencijalni masni kiselini, kolostrum i isto taka preporacuvam modro-zeleni algi.




Slagjana -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (25.5.2011 14:31:33)

Немаме направено тестови. Прв пат и се случува сега. Не се знае од што е. Мислат дека е вирусно, ама искомплицирано со лековите. Може да е и од температурата. Ама ептен беше отечена. Секој ден на друго место.




Elena Eli -> RE: Кожна алергија (уртикарија) (7.6.2011 16:05:54)

Eve i jas da prasam za sovet. Mihail ima dva meseci i pred edna nedela na vratot kako da mu ispuka kozickata. Eve sega mu se prosiri i na grpceto- ima krugovi so izlupena koza. Na drugo mesto na teloto nema. Vo Re-medika doktorkata mi rece da go mackam so Kanesten dodeka bese samo na vratot ama ne pomogna. Sega maticnata mi rece da ne go banjam veke so mustela da ne mu e reakcija od nea, sto ne mi se veruva, zasto od pocetok koristam mustela i valjda ke se pojavese porano. Mi rece da go banjam samo so voda a da go mackam so pavloviceva i jekoderm. Jas samata si mislam da ne mu e sega od toploto vreme zasto lezi poveke na grb, ama ne znam. Ve molam ako nekoj imal slicno iskustvo, pisete mi... Pozz




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>