Bogdancanka -> RE: Што е забрането за вашите дечиња? (8.12.2009 11:44:08)
|
Децата смеат да јадат снег [image]http://www.taratur.com/files/06.03sneg1.jpg[/image] Во свежо паднатиот снег има голема количина бактерии, но таков вид што е толку вообичаен да не може сериозно да го загрози здравјето, освен ако разиграното дете не изеде „цел оброк“. Снегот кој паѓа и во позафрлени, неизвалкани подрачја, содржи голема количина од бактеријата Pseudomonas syringae, која може да предизвика болест во доматите и во гравот Сепак, експертите тврдат дека нема потреба на децата да им се забрани да јадат мали количини свеж снег затоа што се работи за вид на бактерии коj го има секаде и се внесува организмот во секоја прилика, но стомакот е успешен убиец и одлична бариера за евентуалните негативни последици. „Тоа е многу вообичаена бактерија која се наоѓа секаде. Всушност ниедна храна не е стерилна, туку јадеме бактерии цело време“, цели докторката Пенелопи Денехи, членка на Американската академија на педијатрискиот одбор за заразни болести. „Можам да речам дека немам пронајдено ниедна клиничка забелешка за некое дете кое се разболело од јадење снег. А, барав“, вели Џоел Форман, американски педијатар.
|
|
|
|