Еца -> Улогата на половите хормони (28.5.2009 10:19:28)
|
Гонадотропините ФСХ и ЛХ преку крвотокот се пренесуваат до јајниците. Во првата половина на циклусот ФСХ го предизвикува зреењето на фоликулите. За време на созревање фоликулите создаваат естроген. Создавањето на естроген особено се зголемува во средината на циклусот. Естрогените преку крвотокот патуваат до репродуктивните органи, до хипоталамусот и хипофизата. Како резултат на зголеменото ниво на естроген, ослободувањето на ФСХ од хипофизата е намалено, додека пак создавањето на ЛХ е зголемено. Високите нивоа на естроген во крвта предизвикуваат зголемено ослободување на хормонот ЛХ од хипофизата во средината на циклусот. Најголемото ЛХ ослободување е за време на овулацијата, 14-тиот ден од циклусот. Под влијание на ЛХ, корпус лутеум во јајниците сега создава прогестерон - доминантен полов хормон во втората половина на циклусот. Преку крвотокот прогестеронот патува до гениталните органи, хипоталамусот и хипофизата. Тој го поттиснува хормонското создавање во хипофизата и оневозможува понатамошно зреење на фоликулите во јајниците. Доколку не дошло до оплодување, престанува создавањето на прогестерон. Ниските нивоа на прогестерон и естроген во крвта се знаци за хипофизата да го намали создавањето на ФСХ и ЛХ. Започнува нов циклус. извор: Bayer HealthCare
|
|
|
|