Рак на простата (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Еца -> Рак на простата (28.5.2009 9:53:48)

Годишно од болеста, која е на второ место по смртност кај мажите во Македонија, заболуваат околу 70 нови пациенти, а дури 90% од нив се откриваат во доцна фаза кога и целосното из лекување на болниот е речиси невозможно.

Во раниот стадиум, карциномот на простатата често може да биде асимптоматски т.е. да не даде никакви симптоми. Затоа, во многу случаи, тој се открива дури кога ќе се прошири надвор од простатата, во околните ткива, или ќе се прошири во други ткива и органи во телото т.е. ќе даде оддалечени метастази.

Сепак најчести симптоми и знаци на болеста се:
често мочање, посебно ноќе
тешко започнување на мочањето
тешко запирање на мочањето
подолготрајно мочање поради послаб млаз на мочта
испрекинато мочање и капење на мочта по завршување на мочањето
печење и болка при мочањето
чувство на полн мочен меур по мочањето
потреба од итно мочање
болки во долниот дел на карличната регија
крв во мочта
болна ејакулација
болка во слабинскиот дел, во колковите и бутините
ослабен апетит и слабеење
болки во коските.

Доколку постојат потешкотии во мочањето или кој било од наведените симптоми и знаци, неопходно е да се отиде на лекар.Ракот на простатата може да се открие со обичен ректален преглед, преку ехо-дијагностика или со тумор-маркери.

Ракот е излечива болест ако навреме се открие - потсетуваат членките на
Македонската антиканцер асоцијација.

Затоа и мажите треба да одат на редовни прегледи како и жените.





Страница: [1]