|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  14 15 16 [17] 18   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Бактерии кај децата
10.3.2014 10:13:25   
mommy_angels RR
Најправилно е две недели после завршувањето на терапијата,ама ретко кој од нас може да си го дозволи тој луксуз,да има кој да го чува детето цел месец.А и толку време ти треба за да направиш нов брис за да им однесеш.
Јас лично ја носам по завршувањето на терапијата.А два три дена ,секако се малку,ниту е излечено детето,ниту е пак за мешање за со други деца

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 401
   RE: Бактерии кај децата
10.3.2014 10:22:39   
sandriana RR
Се согласувам со Мами ејнџелс, по правило после 2 недели од терапија се враќа дете во градинка/школо. Но и јас не можам да си дозволам да седам толку време дома, и ја праќам после 2-3 дена после терапија.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 402
   RE: Бактерии кај децата
10.3.2014 11:38:01   
Felly RR
Тоа после две недели е пред се за детето, бидејќи имунитетот му е опаднат, а во градинка пак ќе се сретне со нови вируси/бактерии, па лесно може да се повтори дури и да се влоши состојбата. АМа кај нас имам забележано дека и три недлеи дома да седеше пак штом појдеше во градинка одма се разболуваше. Фала му на Бога, тој период беше лани.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 403
   RE: Бактерии кај децата
18.3.2014 17:40:58   
stellica
леле веќе да не знаеме што да правиме..уште сме нели на детска клиника лежиме 6-ти ден и не се знае до кога..а од одма ме прашаа дали оди во градинка и дали од тогаш почнаа разболувањата и не знам што да мислам веќе од една страна супер и е во градинка и сега сака да оди и да се дружи ама од друга страна повеќе од 10 дена не издржува здрава а ете овој пат понеделник почнавме да одиме и следниот понеделник по лекари бевме веќе а и до болница стигнавме.исто од стрептококус пневмониа во нос.учителките ми викаат ако поткашлува или и тече носе нека доаѓа,само да нема температура,ама ете што излегува после тоа..и сега овде ми сугерираат да не ја праќам во градинка до септември ако има кој да ја чува нормално и стварно не знаеш што да правиш..

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 404
   RE: Бактерии кај децата
19.3.2014 8:28:58   
Tanjat7880
Stellica,eve I nie maka macime so istata bakterija,nekoi deca ne pokazuvaat nikakvi znaci deka e prisutna istata a nie bevme so dupla doza antibiotic radi nea,ja imashe mojot sin vo nos.
Edno samo znam,toa e pategena bakterija I dokolku pravi problem,a znae da gi pravi,mora da se leci I da se izleci,bara podolg period lecenje I teshko se iskorenuvauser posted image

(Одговор на членот stellica)
Непосредна врска до пораките: 405
   RE: Бактерии кај децата
26.3.2014 19:54:41   
Defne90 RR
Еве не и нас со позитивен наод на стрептококус пневмонис на грло.Веќе недела ипол сме со висока температура а вчера пак крена 39,5 и едвај му ја симнавме.Три дена примаме терапшија со кларитромицин ама наместо да се чувствува подобро тој е се полошо.Денес го снимија и на ренген за да видиме да не фатил и бронхопнеумонија,за среќа нема.Ама ете утре пак на контола.Уште што не му препиша матичната,го истровивме детето со лекови овие две недели.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 406
   RE: Бактерии кај децата
27.3.2014 8:06:12   
Tanjat7880
Ne mi e jasno,vrie od ovaa bakterija,nie si ja vleceme on januari I eve od vcera pak pocnav so terapija,ovoj pat lokalno so citeral kapki rastvoreno vo operil,ako I ova ne pomogne vekje nemam ideja shto drugo moze da se dade...stanuvam ocajnaaa

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 407
   RE: Бактерии кај децата
27.3.2014 8:20:36   
Палешка РР
Ние ја излечивме оваа бактерија, најдена во грло, со бактрим за седум дена. На микробиолошкиот наод бактримот беше даден за терапија која би ја уништила бактеријата. И тоа на наше барање направивме брис откако со ништо не и поминуваше и постојано се повторуваше.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 408
   RE: Бактерии кај децата
27.3.2014 8:23:19   
Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Ние ја излечивме оваа бактерија, најдена во грло, со бактрим за седум дена. На микробиолошкиот наод бактримот беше даден за терапија која би ја уништила бактеријата. И тоа на наше барање направивме брис откако со ништо не и поминуваше и постојано се повторуваше.

Na nashiot naod citeralot beshe naveden,se nadevam ke uspeeme,bash mu stvara problem bakterijava...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 409
   RE: Бактерии кај децата
28.3.2014 14:29:56   
deluxe
Стрептокока Пнеумониа ја имаше и ќерками ,кога беше мала,на околу 2 годинки.Нејзе очињата и се залепуваа со гурелки кога ќе настинеше и тоа ме натера да побарам да се земе брис од око,нос,грло.На брисот се појави оваа бактерија на окото и носето,на грло немаше.
Други симптоми освен овој што го наведив немаше.И лесно ја излечивме со една терапија,мислам дека сирупче Амоксиклав и капки за очи(не ми текнува како се викаа)
Повеќе не се појави од тогаш,а матичната беше изненадена како успеавме со една терапија да ја излечиме оваа "досадна" бактеријаuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 410
   RE: Бактерии кај децата
28.3.2014 15:35:55   
blue_blue
За стрептокока пнеумониа во нос без некои посебни симптоми освен течење на нос, ниеден нормален педијатар нема да ви препише антибиотик, а и ако ви го препише слободно кажете му дека нема да го труете детето. Да не должам сега тука, просурфајте си по нет имате чудо валинди сајтови на кои доктори објаснуваат зошто за бактерија во нос и уредна клиничка слика на детето (нема температура, не е омалаксно, нормално се однесува, нема наод на плуќа) не се дава никаков а најмалку орален антибиотик. Со непотребно давање на истиот организмот станува резистентен на антибиотиокот и се вртите во круг. Зајакнете му го имунитетот на детето и не се замарајте многу дал ја имало во нос дал не. И да ја исчистите во прв момент кога ке иде во градинка/школо поради намален имунитет од антибиотикот одма пак ќе ви ја залепи пошто таа во овие групини средини си живее секаде, на сите површини

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 411
   RE: Бактерии кај децата
30.3.2014 11:32:15   
stellica
леле луѓе колку случаи на пневмониа кај деца или друга болест на респираторни органи слушнав во последниве две недели тоа не е нормално..на клиникиве врие дури нема каде да ги сместат кутричките дечиња.нема некој што го познавам и да има дете а да не е болно или барем еднаш зимава да не лежеле на клиника,јас не знам што се случува кај живееме ние каков воздух дишемеuser posted image

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 412
   RE: Бактерии кај децата
31.3.2014 11:26:34   
blue_blue
Моите деца не се болни и не лежат на клиника, а ниту било кога лежеле. Едната нема ни картон на клиника, а другата има зошто бевме на преглед за бубрези. Скроз ќе бидам off topic ама лежењето во Козле и на клиника нема врска со воздухот. Прашај твои пријателки кои живеат по белиов свет, на пример Синдеј, Бон, Женева, Токио, Њујорк, Лондон, дали нивните деца за респираторен проблем добиле антибиотик или уште полошо лежеле во полница за да примаат интравенозно антибиотик. Лежењето по болници за респираторни проблеми е пракса само овде и не знам кога и дали ќе се напушти. Истата е само за да се зажити газот на лекарот и апсолутно не е во интерес на детето. Милион компликации и нус појави има од лежењето во болница, како закачување куп други бактерии од што таму хигинетата е на очајно ниво, падант до даска имунитет кој отвара огромен простор за нови инфекции и да не набројувам. Лежењето во болница за респираторен проблем е само моментално санирање на симптомите а не на причината и е за да може лекарот да каже дека ете се што требало направил. Не може да се очекува ништо друго освен да те задржат во Козле или клинка кога одиш таму испаничена во сабота недела, најчесто без препорака од матичен..Што да прави тој доктор - да го пушти пацинетот дома? Нит му ја знае целата историја, нит има идеја дал може дал неможе да се комплицира па најсигурно за него е - нек седи тука и ќе му даваме интравенозно антибиотик...Е што ќе се случи после, тоа нек се секира родителот и матичниот педијатар...

ИЗВОРНА ПОРАКА: stellica

леле луѓе колку случаи на пневмониа кај деца или друга болест на респираторни органи слушнав во последниве две недели тоа не е нормално..на клиникиве врие дури нема каде да ги сместат кутричките дечиња.нема некој што го познавам и да има дете а да не е болно или барем еднаш зимава да не лежеле на клиника,јас не знам што се случува кај живееме ние каков воздух дишемеuser posted image


(Одговор на членот stellica)
Непосредна врска до пораките: 413
   RE: Бактерии кај децата
3.4.2014 17:54:12   
Marina I
Majki imavme skros zatnato nose bez nikakakov sekret I bez drugi simptomi , napravivme bris ima bakterija Streptococcus pyogenes vo nose denes maticnata ni dade Citeral vo nose I I Amoksiklav ama drugi simptomi nema veke 5 dena kako mu se zatna noseto, duri I noseto pocna da mu se odzatnuva, dali da pocnam so antibiotikot I kolku e uporna, opasna ovaa bakterija. Blagodaram

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 414
   RE: Бактерии кај децата
4.4.2014 8:08:24   
Tanjat7880
Marina,i nie maka macime so ovaa bakterija,nas znae istata mnogu problem da ni napravi.Toa e patogena bakterija I ne e bash naivna no ako deteto se bori so istata I nema nikakvi drugi simptomi(bolka vo uvo,pokacena temperature podolgo vreme,kashlica navecer podolgo vreme)jas bi davala samo CITERAL I bi stavala neshto za odzatnuvanje na noseto,dovo oregano na primer.
Mojot sin pieshe dve dozi antibiotic zaradi ovaa bakterija,otishla vo kanalot na uvoto I tamu napravila gnoj,morashe da se intervenira,no ne sekoe dete taka zavrshuva,i sega nekoi majki koi nemaat vakvo iskustvo ke recat deka doktorite I nie majkite sme LUDI shto davame antibiotic pa I dupla doza no ubavo narodot veli SITIOT NA GLADNIOT NEVERUVA!
Sledi go deteto,sko se podobruva ne mu treba nishto ako pocnat I drugi simptomi jas ne bi cekala,bi dala antibiotic zatoa shto bakterijata znae da napravi problem.

(Одговор на членот Marina I)
Непосредна врска до пораките: 415
   RE: Бактерии кај децата
4.4.2014 13:49:34   
AnnaMolly RR
МАрина, не сакам да те плашам, ама оваа бактерија воопшто не е безопасна. Се разбира, доколку не се лекува соодветно.
Филип лани една ноќ качи температура, другиот ден осип на телото и преку брз брис на инфективна дијагностицираа шарлах, а кај пријателка од градинка на девојчето од оваа бактерија и удрило на колк и со месеци криви.
Муабетот ми е, пред да исклучиш лекување со антибиотик, сериозно консултирај се со лекар. Не е ова стрептокока пенумониае, па да помине така. Јас ич не сакам антибиотици, ама во овој случај 10 дена пиевме.
После 21 ден откако сте добиле резултати на брис, треба да одите да проверите крв, некои специјални параметри, ќе знае матичната, за да се исклучи дека бактеријава оставила некакви последици зашто НЕ ДАЈ БОЖЕ може да удри на срце и бубрези доколку не се лекува.
Живееме во современ свет, лесно се лекува со антибиотик, само да не си ја сфатиш здраво за готово како другите бактерии.
Еве син ми моментално има хемофилус инфлуенца и ништо не го третирам.
И обавезно пиши што ќе направите.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 416
   RE: Бактерии кај децата
4.4.2014 13:51:18   
AnnaMolly RR
А да одполнам, да не биде огромен постот. И Филип со пиогенис немаше никакви симптоми освен краток период благо покачена температура и осипот кој траеше само неколку часа. Да не го однесевме на инфективно поради осипот, немаше да знаеме дека има бактерија и немаше да го лекувам, па не дај боже можеше сериозно да биде.
Многу сум против антибиотик, ама кога мора, едноставно мора!

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 417
   RE: Бактерии кај децата
4.4.2014 20:48:59   
Defne90 RR
Со бактериите нема шега.Едноставно понекогаш не може да помине без антибиотик.Ние со стрептокока пневмонис бевме две недели со температура а знаеше да ја качи и до 40.Значи буквално гореше детето и со ништо не можевме да му ја симнеме.И плус примаше и антибиотик.И нашата матична е ептен против антибиотици и ни препишува само кога е неопходно ама што на детето му се покачува температурата секако дека е потребен антибиотик.И плус како што рече Тања секое дете разлиќно си реагира на секоја бактерија така да подобро да прима антибиотик отколку да се случи нешто полошо.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 418
   RE: Бактерии кај децата
8.4.2014 11:15:49   
vanessa30
И ние ја имавме Стрептококус пнеумоние во носето, не немавме некои страшни симптоми (покачена температура и сл)само малку мрсули му течеа, и стававме Цитерал капки во носето, но бакеријата пак се покажа на контролниот брис, а син ми немасе никакви симптоми. Педијатарот не рече дека е вообичаена микрофлора за деца кои одат во градинка.

Е сега ние имавеме друг проблем кој според специјалист (оториноларинголог) е нешто како алергиска реакција на Скопјево.. (на нечистиот воздух).
Значи во континуитет кашлавме, носот ни се затнуваше со густ секрет, и по неколку дена ни се воспалуваа ушите со силни болки да неможе да спие. Педијатарот континирано не лечеше со антибиотик + антибиотски капки во уво и во нос, но само што ќе ја завршевме дозата по прекин од една недела, повторно истото. Отидовме на одмор надвор од Државава еден месец, и детето бече како ново, ниту кашлаше, ниту уво го болеше. Кога се вративме пак од ново, со истите маки. И отидовме на специјалист, кој ни препиша тарапија како за алергиски ринит (флексоназе, аериус сируп, и во увото неколку дена само стававме Отол Х капки за да се смири болката) и еве сега сме многу подобри, со напомена да секој викенд да го носиме надвор од градов на чист воздух.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 419
   RE: Бактерии кај децата
11.6.2014 16:08:02   
Sirena##
Ај некој искуство со ова: Детето крена температура,црп и леукоцити високи,брис од нос и грло чисти.
Значи бактеријата ја има во крвта,како се пренесе? Матичната не ми објасни подетално

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 420
   RE: Бактерии кај децата
11.6.2014 20:13:14   
sandriana RR
Сирена, можно е да се работи и за уринарна инфекција - проверивте ли мокрача? Не ви предложија уринокултура да направите, ако веќе брисевите се чисти? Или барем АСО анализа - за стрептокока во крв да се провери?

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Sirena##)
Непосредна врска до пораките: 421
   RE: Бактерии кај децата
12.6.2014 7:28:48   
Sirena##

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Сирена, можно е да се работи и за уринарна инфекција - проверивте ли мокрача? Не ви предложија уринокултура да направите, ако веќе брисевите се чисти? Или барем АСО анализа - за стрептокока во крв да се провери?



Каква мокрача,ништо.Јас бев иницијатор и за брис и за крвна слика.ПОкачени леукоцити не морало да значи бактериска инфекција user posted image
А таа асо анализа,исто боцкаат од прсте? Прв пат слушам за оваа анализа.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 422
   RE: Бактерии кај децата
12.6.2014 10:35:24   
sandriana RR
Не сум сигурна, мислам дека АСО може со капиларна крв (од прст) да се изведе, пошто е на принцип на антиген-антитело.
И бидејки и ЦРП е покачено, и леукоцити покачени - тоа се показатели на инфективен процес - сега педијатар треба да одлучи за натамошни анализи, да даде точна дијагноза.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Sirena##)
Непосредна врска до пораките: 423
   RE: Бактерии кај децата
3.8.2014 21:56:40   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: IrenaMila

Zdravo majki,malata mi e 1 godinka i mi fana eserihija koli,bi sakala da ja nacnam temava,da se konsultiram so vas okolu ovaa bakterija,nacin na istrebuvanje,kosultacii so poedinci za homeopatsko lekuvanje i dokolku imate kontakt so ova lekuvanje da mi preporacate nekoj Homeopat.Vi blagodaram odnapred i se nadevam ke mi bidete od korist.

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Jas ja imav taa bakterija. I ja srediv so pienje na vit c nagladno 2 nedeli zinnat antibioticI. I piev uvin caj 5 dena I caj od brusnica megutoa najdobro bilo da se pie sok od brusnica sepak stom se rabote za tolku malo dete posovetuvaj se I so lekar prasaj dali smee da pie uvin caj I vit c




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 424
   RE: Бактерии кај децата
9.9.2014 11:12:43   
vezilka RR
Јосиф имаше ешерихија коли. Имаме хидронефроза (задржување на урина во бубрежињата, така е роден) и бидејќи лежевме во болница таму не третираа со линдацин и травенозно, а за дома ни дадоа панцеф. Сега за една недела а после еден месец од детектирањето на бактееиата сме на контрола. Не предупредија дека бактеријата може почесро да се враќа, и не советоцуваа често да правиме уринокултура за да ги штитиме бубрезите.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 425
Страница:   <<   < Претходна страница  14 15 16 [17] 18   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  14 15 16 [17] 18   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Ime za zensko?
dragana92

Koe zensko ime e najubavo?

Anabela (23%)

Malena (7%)

Galena (14%)

Divna (4%)

Klara (35%)

Leontina (17%)


Број на сите гласови: 147

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!