Гихт (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје

Порака

ripce -> Гихт (4.12.2009 9:06:11)

Гихтот, уричниот артритис или Подаграта се јавува како резултат на депонирање на кристали на мононатриум уреат од хиперурикемичните телесни течности во тиквата. За да се развие оваа состојба, се смета дека е неопходна претходна долгогодишна хиперурикемија. Кај определени лица,  хроничната хиперурикемија доведува до создавање на депозити од кристали на мононатриум урат (МНУ) во зглобовите или околу нив. Овие депозити остануваат незабележани и асимптоматски, или може да се придружени со типични повторувачки атаки на самоограничувачки артритис. Кога е нетретиран гихтот, може да ја промени својата класична акутна еволуција: тој станува деструктивен и се манифестира полиартикуларно. Кај овие болни се регистрира зглобна и коскена деструкција. Кај околу 20% од болните со гихт се појавува уролитијаза (кристали на урична киселина) или хронична ренална болест. Гихтот е синдром кој вклучува спектар на клинички манифестации:
  1. Повторувачки атаки на акутен артритис, теносиновитис, бурзитис или целулитис. Овие атаки се карактеризираат со наод на кристали на МНУ екстрацелуларно или интрацелуларно, во леукоцитите на синовијална течност;
  2. Хроничен, ерозивен и деформирачки артритис придружен со периартикуларни и супкутани уратни депозити (тофи);  3. Нефролитијаза и уролитијаза;
  3. Хронична уратна нефропатија и хипертензија.
Пред да се манифестира некоја од гореневедените клинички манифестации, обично е присутна хронична асимптоматска хиперурикемија од 10-30 години.
Во минатото оваа болест била позната како „болест на кралевите„ или „болест на богатите„. Така е наречена затоа што во патогенезата на гихтот голема улога игра и храната особено богата со протеини и алкохол.

mami -> RE: Гихт (4.12.2009 9:08:17)

Така е наречена затоа што во патогенезата на гихтот голема улога игра и храната особено богата со протеини и алкохол.

леле мојот бивши газда имаше гихт и тоа особено му се влошуваше кога ке се опуштеше во јадење и пиење, а штом се доведеше во ред и некаква си диета, без алкохол му се смируваше..

profesorica -> RE: Гихт (4.12.2009 9:10:17)

Млекото во превенција на ГИХТ

Редовното консумирање млеко и млечни производи може за 50% да го намали ризикот од појава на ГИХТ, познат како болест на кралевите и кралска болест.

Гихтот е воспаление на згобовите-артритис, прдизвикано со создавање на кристали од мочната киселина во зглобовите.

Во истражувањето на американските научници, било утрврдено дека некои видови зеленчук, за кои порано се верувало дека го зголемуваат ризикот од појавата на гихт, на пр. спанаќот, грашокот, гравот и карфиолот немаат никакво дејство на ризик од појава на оваа болест.

Во истражувањето учествувале 47,150 испитаници, а утрврдено е и дека секојдневното консумирање месо го зголемува ризикот од појавата гихт за 21%

Консумирањето морска храна секоја недела, исто така може да го зголеми тој ризик за дополнителни 7%

mami -> RE: Гихт (4.12.2009 9:20:54)

Основна причина за подаграта е нарушениот промет (метаболизам - размена на материите) на пуринските материи во организмот, со таложење на солите на мочната киселина - урати. Поради тоа се создаваат воспалителни процеси во зглобовите и ткивата на кожата и во цревата. Постои генетска предодреденост за појавата на подаграта, но наследниот фактор учествува со 10 до 15 отсто.

Ако се консумира премногу храна, особено од животинско потекло, при нејзиното разложување во организмот се создаваат многу хемиски соединенија - пурини. Храната од животинско потекло создава многу повеќе пурини во организмот во однос на храната од растително потекло. Пурините организмот ги преработува за да ги изгради јадрата на клетките. Ако во процесот на размената на материите во организмот се наоѓаат премногу пурини тие не можат да бидат целосно преработени. Вишокот пурини се претвораат во мочна киселина чии соли - урати, неправилно се таложат, најчесто во зглобовите, што доведува до искривување (деформација) на прстите.

Поголемиот дел од создадената мочна киселина и нејзините соли - урати треба да се исфрлат преку урината, а мал дел и преку дебелото црево. Ако бубрезите не се во состојба да ги исфрлат од организмот овие деградациони компоненти тие предизвикуваат појава на подагра, дури и создавање на камен во бубрегот.

Во производи што содржат голема концентрација на пурини спаѓа месото од топлокрвните животни, рибата и мешункастите зеленчуци. Неправилната исхрана предизвикува и непотребно зголемување на телесната тежина, а статистиките покажуваат дека поголемиот број на заболени од подагра имаат прекумерна тежина. И гладувањето, појавата на анорексија и булимија кај младите предизвикуваат разградување на повеќе клетки, со што се ослободуваат пурини од јадрото на клетките и се зголемува нивото на мочната киселина во крвта. Фактор на ризик е и преголемото консумирање алкохол. Иако алкохолот не содржи пурини тој го отежнува исфрлањето на мочната киселина од крвта преку бубрезите.

Луѓето треба редовно да го контролираат нивото на мочната киселина во крвта и на-време да го сменат режимот на исхраната ако се констатира нејзино видно зголемување. Таа контрола е неопходна особено кај мажите што имаат прекумерна тежина. Кај жените со прекумерна тежина ова заболување се јавува поретко.

Луѓето со крвни групи "О" и "Б" можат да јадат месо од топлокрвни животни, но не во големи количества. Тие со крвни групи "А" и "АБ", кои навикнале да консумираат месо, треба поредовно да го контролираат нивото на мочната киселина во крвта.

ripce -> RE: Гихт (6.2.2010 10:49:17)

Месото предизвикува гихт
Тие со крвни групи "А" и "АБ", кои јадат месо, треба поредовно да го контролираат нивото на мочната киселина во крвта

Една од главните причини за појава на многу заболувања е неправилната исхрана. Тоа особено се однесува за појавата на подагра (гихт) или артритис урика.

Подаграта е едно од специфичните воспалителни заболувања на зглобовите и се појавува особено кај луѓе што консумираат големи количества која било храна и храна од животинско потекло - месо од топлокрвни животни. Гихтот не се јавува во периоди кога населението страда од немање храна, туку во време кога има создаден повисок животен стандард. Затоа меѓу народот подаграта се нарекува "аристократска болест" и е поврзана со неправилната исхрана.

Страница: [1]