Дијабетес (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


ripce -> Дијабетес (29.11.2009 18:01:36)

ДИЈАБЕТЕС ТИП 1
Дијабетес тип 1 обично се дијагностицира во детството или адолесценцијата. Кај дијабетес тип 1, панкреасот не произведува инсулин затоа што сопствениот имунолошки систем ги уништил клетките што го произведуваат инсулинот. Луѓето со дијабетес тип 1 мора секојдневно да си даваат инсулин.

ДИЈАБЕТЕС ТИП 2

Дијабетес тип 2 е најчестиот тип дијабетес, кој погаѓа 85-90% од луѓето со дијабетес. Обично ги погаѓа постарите лица, но сè повеќе млади луѓе и деца заболуваат од дијабетес тип 2.
Кај дијабетесот тип 2, панкреасот произведува инсулин, но тој не дејствува како што треба, па панкреасот произведува уште инсулин. На крајот, не може да произведе доволно за да ја одржува рамнотежата на гликоза под контрола.

ГЕСТАЦИСКИ ДИЈАБЕТЕС
Гестацискиот дијабетес се јавува во бременоста и обично исчезнува кога ќе се роди детето. Меѓу 3-8% од трудниците добиваат гестациски дијабетес.
Во бременоста, хормоните што ги произведува телото за да го помогнат растот на детето, исто така го спречуваат дејствувањето на мајчиниот инсулин. Гестацискиот дијабетес се јавува ако телото не може да произведе доволно инсулин како одговор на зголемените потреби за инсулин.

имаме посебна тема за гестациски дијабетес КЛИК ТУКА

КОИ ФАКТОРИ ГО ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИКОТ ОД ДОБИВАЊЕ НА ДИЈАБЕТЕС
ТИП 2?


[image]http://i254.photobucket.com/albums/hh99/KillahBabe18/q.jpg[/image]

Добра вест е дека постојат чинители што може да ги промените и со тоа да го намалите ризикот од развивање на дијабетес тип 2.
Сè уште не се знае кои чинители предизвикуваат дијабетес тип 1, па не постојат препораки како да се спречи.

КАКО МОЖАМ ДА ЗНАМ ДАЛИ ИМАМ ДИЈАБЕТЕС?


Некои од симптомите вообичаени за сите типови дијабетес се:
  • замор
  • зголемена жед
  • често мочање
  • главоболки
  • грчеви во нозете
  • зголемен глад
Симптомите на дијабетес тип 2 вклучуваат и заматен вид, кожни инфекции, бавно зараснување на рани, трпки и вкочанетост во нозете.

КАКО СЕ ЛЕКУВА ДИЈАБЕТЕС ТИП 1?

Луѓето што боледуваат од дијабетес тип 1 мора да добиваат барем по една инјекција дневно. Рамнотежата меѓу количината јаглеродни хидрати што се внесуваат и вистинската количина инсулин е важна за спречување на превисоко или на прениско ниво на шеќер во крвта.

КАКО СЕ ЛЕКУВА ДИЈАБЕТЕС ТИП 2?


Основното лекување на дијабетес тип 2 вклучува примена на здрав начин на живот. Тоа вклучува здрава исхрана, редовна физичка активност и намалување на ризичните фактори како што се дебелината и пушењето.
Важно е да се следи сопственото ниво на гликоза во крвта и да се прават редовни контроли кај лекар по општа практика. Во некои случаи, ако самата исхрана не може да одржи контрола на нивото на гликоза во крвта, вашиот лекар по општа практика може да ви препише лекови и/или инсулински инјекции.

УПАТСТВА ЗА КОНТРОЛА НА ГЛИКОЗАТА ВО КРВТА


Исхраната е важна за сите! Овие упатства може да ги следи целото семејство, а не само лицата со дијабетес.

  • Мали порции оброк и ужини распоредете ги низ целиот ден.
ЈАДЕТЕ ХРАНА СО ПОВЕЌЕ РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА
  • Одберете жита со повеќе растителни влакна и леб од интегрално зрно, затоа што побавно се варат, што значи дека нивото на шеќер во крвта постепено расте
  • Во салатата додадете леблебија
  • Половина од вашата чинија исполнете ја со зеленчук во разни бои: зелен, портокалов, жолт, бел, виолетов и црвен.
ЈАДЕТЕ ПОМАЛКУ МАСНОТИИ, ЗАМЕНЕТЕ ГИ ЗАСИТЕНИТЕ СО НЕЗАСИТЕНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ

  • Туна или лосос од конзерва додадете во сос за тестенини или пак ставете ги во сендвич, така на едноставен и брз начин ќе внесете Омега-3.
  • Полномасното млеко заменете го со млеко со помалку маснотии или со обезмастено млеко. Има иста количина калциум, а помалку маснотии, посебно помалку заситени маснотии.
  • Во подготвувањето на храната користете маслиново масло во мали количини, така што храната нема да се лепи, а сепак ќе се намалат маснотиите.
ЈАДЕТЕ ХРАНА СО ПОМАЛКУ КИЛОЏУЛИ АКО ИМАТЕ ПРЕКУМЕРНА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА

  • Како освежителен пијалак одберете вода или „диететски“ напивки, без дополнителни килоџули од прекумерна количина шеќер.
  • Јадете зеленчук наместо ориз, тестенини, леб и компир.
  • Ако имате меѓуоброци, одберете храна со помалку маснотии и со повеќе растителни влакна, како што е посниот јогурт.










Страница: [1]