profesorica -> RE: Емоционална интелигенција (29.11.2009 17:39:43)
|
Кога личноста е емоционално интелигентна? За да може личноста да се определи како емоционално интелигентна, мора да бидат задоволени одредени "предуслови" lЛичноста мора да умее да ги препознае сопствените емоции Самосвеста, препознавањето на емоциите во моментот кога тие ќе се појават е темел на емоционалната интелигенција. Способноста да се контролираат емоциите е од суштинско значење за менталното здравје и за саморазбирањето. Кога не сме во можност да ги препознаеме нашите вистински чувства, стануваме зависни од нив. Ако сме сигурни во нив, ќе знаеме повешто да го водиме сопствениот живот и посигурно да донесуваме животни одлуки почнувајќи од тоа со кого ќе стапиме во брак, до работата што треба да ја избереме. lЛичноста треба да умее да управува со сопствените способности Совладувањето и управувањето со емоциите - нивното соодветно "избирање" е способност што се заснова на самосвест. Поединците што недоволно ја развиле ваквата способност, постојано мора да се борат со чувството на огорченост и мачнина или да се чувствуваат раздразнето, а некои и потиштено. Од животните немири овие луѓе многу тешко закрепнуваат. lУмешност за самомотивирање За да може да се самомотивирате, потребно е да умеете да управувате со вашите емоции. За да постигнете определена цел или каков било успех во животот, за да бидете креативни, за да овладеете со некоја вештина, треба да поседувате умешност, да знаете како да ги смирите и да ги контролирате сопствените емоции. lПрепознавање на емоциите на другите Емпатијата претставува уште една способност што е заснована на човековата самосвест. Таа е основна "човечка вештина". Оние што ја "поседуваат", повешто се приспособуваат на невидливите сигнали на друштвото во кое живеат, каде што се навестува што им е потребно на другите и што тие сакаат. Емпатијата им овозможува успех на тие што имаат професии како трговијата, подучување, менаџерство - занимања што подразбираат водење грижа за другите. lУмешност за одржување меѓусебни односи Се работи за вештина со која се разбираат туѓите емоции. Тоа е способност што човекот го подготвува за јавни занимања, раководење и за меѓусебни односи. Поединци што ја усовршуваат ваквата способност успеваат во се што подразбира успешна соработка со другите. Тие се во друштвото "ѕвезди". Луѓето, сепак, се разликуваат по своите способности во секоја од наведениве области. Некои се вешти во совладувањето на сопствената анксиозност, а истовремено не се во состојба да ја намалат анксиозноста кај другите. Без сомнение, основата на нашите способности е од психолошки карактер, што не значи дека истиот не може да се менува, развива и сл. Грешките во емоционалните вештини може да се поправаат. Секоја од наведениве области е определена од навики и реакции што со вистински напор може да се усовршат.
|
|
|
|