Витамин Д (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


profesorica -> Витамин Д (23.11.2009 12:38:05)

Недостатокот на витамин Д може да предизвика заболувања

Повеќето луѓе толку многу се трудат да се заштитат од сонцето што доаѓаат во состојба да не добиваат доволно витамин Д, што го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и депресија.

[image]http://vesti.mt.net.mk/images/vitamin-d1.jpg[/image]


Американскиот медицински центар „Интернаунтин" спроведе истражување врз повеќе од 27 илјади пациенти, чии резултати покажаа дека здрави нивоа на витамин Д придонесуваат за силно и здраво срце. Истражувачите открија и дека неадекватни количини на витаминот Д можат во голема мера да го зголемат ризикот од мозочен удар, болести на срцето па и смрт - дури и кај оние кои никогаш немале проблеми со срцето.

Истражувачите открија и дека недостигот на витамин Д може да доведе до депресија кај мажите и жените. Ризикот да паднат во депресија кај 8.600 од луѓето кои учествувале во истражувањето бил поголем за 40 проценти.

Истражувачите кои работат на разни студии за витаминот Д открија дека „тој е доплнителен фактор во повеќе од 200 процеси во телото", вклучувајќи го и метаболизмот, способноста да се регулира крвниот притисок и реакциите на телото на разни воспаленија. Утврдено е дека сето ова е критично поврзано со болести на срцето.

Во истражувањето учествувале 27.686 пациенти на возраст од 50 години и постари кои дотогаш немале никакви срцеви проблеми, кај кои е проверувано нивото на витаминот Д во крвта. Пациентите биле поделени во три групи врз основа на нивото на витамин Д: нормално (повеќе од 30 нанограми во милилитар), ниско (15 до 30 нанограми во милилитар), и многу ниско (помалку од 15 нанограми во милилитар).

Резултатите од студијата се презентирани на годишната научна конференција на Американската асоцијација за срце што се одржува во Орландо.

ИЗВОР:МИА




Страница: [1]