Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Палешка РР -> Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца (8.8.2022 11:50:49)

Bebbo е нова мобилна апликација развиена од УНИЦЕФ за поддршка на родители на деца на возраст од 0-6 години. Bebbo содржи многу информации и стручни совети, интерактивни алатки за правилeн развој на детето, но и совети за тоа како родителите да се грижат за себе. Дознајте што содржи:
- Рано учење
- Здравје
- Доење и здрава исхрана
- Проактивно родителство
- Заштита и безбедност
- Грижа за благосотојбата на родителите

Како се користи Bebbo?
1. Родителите или старателите внесуваат основни податоци за детето (датум на раѓање, висина, тежина) и на тој начин почнуваат да добиваат информации соодветни за возраста на детето.
2. Апликацијата ќе ги поттикне родителите активно да го следат детето во сите фази од развојот. Апликацијата ве потсетува за термините за редовна вакцинација и за здравствените прегледи.
3. Родителите добиваат персонализиран водич за тоа како подобро да го стимулираат развојот на детето, која е соодветна исхрана за возраста и им помага на родителите да го разберат однесувањето на децата.
Bebbo поседува и библиотека за совети, кои се резултат на долгогодишно родителско, педагошко и медицинско искуство и стручност.
Апликацијата можете да ја симнете ТУКА.

Во оваа тема би сакала да поразговараме за вашите искуства од апликацијата, дали лесно ја инсталиравте, дали ја користите и дали ви е од помош.




me_mother_of_three -> RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца (8.8.2022 13:30:43)

Одлична апликација! Навистина е предобра 




me_mother_of_three -> RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца (8.8.2022 13:31:31)

Одлична апликација! Навистина е предобра 




Gorde86 -> RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца (21.8.2022 22:14:10)

Многу корисна апликација за сите родители, со одлични информации и совети ❤️




Страница: [1]