Грло на матка (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


MyNameIsHope -> Грло на матка (24.7.2020 8:24:35)

Здраво женски, јас сум 27ма недела од бременоста, последната контрола грлото на матката ми го измерија 32, тоа како што читам е во ред, но матичната ми дава да ставам вагиналети некои, како превентивно, не знам зошто.... Почнува да ме фаќа паника.. Некој совет ако имате би ви била благодарна, поздравче. 





anetar -> RE: Грло на матка (24.7.2020 10:16:07)

На оваа тема има повеќе пишувано за Должина на грло на матка во бременост можеш да прочиташ повеќе искуства и мислења.
Сепак вагиналетите како утрогестан, прогестерон што обично ги даваат гинеколозите при скратен цервикс се за зацврстување на грлото на матката и штитат од предвремено породување. Мислам дека нема простор за паника само може придобивки да има од земање на вагиналетите, не штетат на плодот. Па на следна контрола матичната секако ќе го измери повторно грлото на матката и ќе ти каже дали има потреба сеуште да ги земаш вагиналетите. Совет одмарај повеќе овој период додека ги примаш вагиналетите, не кревај тешко па ќе видиш што ќе ти каже на следната контрола.




Страница: [1]