Sanjita -> RE: Ризична бременост (19.7.2016 10:47:48)
|
Еве и јас да споделам од досегашново искуство, бидејќи последниве 2 месеци ги поминав скоро сите болници и скоро 10тина доктори. Д-р Лолита Грковска или д-р Надица Геровска ви ги препорачувам за матичен, феноменални се, многу внимателни, д-р Лолита знае да биде доста повнимателна кога се работи за некој ризик па и да ви посвети многу повеќе внимание кога е потребно. За проблеми со срцето кога одев на клиника од памет ме извадија не можев психички да се соберам од нивниот однос на соопштување информации, тоа докторите таму се бог да чува, се дерат на пациент со срцеви проблеми кој е на работ од инфаркт поради преплашеност за своето здравје со висока трахикардија, сакаа втора операција да ми прават на недоволно испитување, тоа беа ужасно стресни 3 прегледи поради што почнав панични напади да добивам од толкав стрес. За среќа на маж ми еден ден му пукна филм и ме однесе во Филип Втори, алал да им е на тие доктори таму, се грижат за мене како за свое дете, немам зборови, ме води д-р Милев, многу внимателен човек и искусен доктор. Бев и во Сиситина за другите проблеми (полипот, цервиксот, матка бикорнус), сакаа под итно интервенција да ми прават (серклаж и вадење на полипот), за да ми го решеле проблемот, и тоа без да ги чекаат резултатите од брисевите кои требаа да стигнат за ден-два, среќа што имам јака интуиција и нешто ми велеше дека тоа не е решението и си отидов, испаднаа дека само сакаа пари да ми земат, а ќе ми направеа уште поголем проблем бидејќи за 2 дена кога ги добив резултатите испадна дека имам бактерија. Серклаж не смее да се прави кога постои некава инфекција. Така да внимавајте со приватните клиники, особено гинеколошките, бидејќи сега имаат јака конкуренција и се тепаат да зграбат пациенти. Затоа појдав кај уште двајца доктори, и двајцата ми рекоа дека нема потреба од итна интервенција, само да се пазам многу, прегледи на секои недела ипол-две и ако има обилно крварење веднаш да одам на доктор. На клиника ме гледаше д-р Иво Ќаев, по препорака, еден од најдобрите млади доктори на клиника, а го сметаат и за најдобар од новата генерација доктори. Многу коректен, директен и внимателно гледа. А бев и во Ре-Медика, кај д-р Елена Петрова, и таа исто добро и внимателно гледа, истото и она ми го рече дека нема потреба од интервенција, а и мојата матична го имаше истото мислење, но ме испрати и кај други доктори за мислење бидејќи се работеше за вкрстен проблем. Ајде да се надеваме на најдобро, ќе си помагаме колку можеме за да ги донесеме на свет здрави и живи нашите мили малечки :) Ако знаете уште некој добар доктор за разична бременост ве молам споделете и дали ви треба ушат од матичен за кај него? Ви благодарам многу однапред за споделена информација, многу ми значи.[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]
|
|
|
|