Застапеност на едукативни центри во Скопје (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


botka -> Застапеност на едукативни центри во Скопје (16.5.2016 9:33:51)

Имам идеја да отворам едукативен центар, па сакам да го слушнам Вашето мислење дали има потреба од такво нешто.
Едукативниот центар ќе се состои од курсеви за креативност, бонтон, креативно читање, математика преку игра итн. и ке ги опфаќа децата од предучилишна возраст. Другиот дел ќе се состои од курсеви по јазици(Англиски, Германски, Италијански...) и информатика(основна работа со компјутер, Office, основи на програмирање итн.) за деца од школска возраст, исто така се размислувам и за дневно чување на децата со одење/земање од училиште и вршење на домашните задачи и додатно учење.
Дали мислите дека има потреба од вакво место и доколку имате некои идеи што би можело да се додаде би биле добредојдени.
Благодарам




vezilka RR -> RE: Застапеност на едукативни центри во Скопје (25.5.2016 13:06:30)

Па веќе постојат неколку такви едукативни центри низ Скопје со горе доле слични програми. Немам идеја за тоа колкава им е посетеноста, ама сметам дека е добар начин за дополнителна настава. Само тоа земање од училите не ми е јасно. Тоа возило оди по цело Скопје и ги зема децата од училиштата, и потоа ги враќа каде? Некао тој дел баш не ми јасен, како би функционирал? И секако мислам дека најмногу би влијаело на посетеноста колку тоа би коштало.




Страница: [1]