vezilka RR -> RE: Ритуали за добра ноќ (10.11.2015 23:12:47)
|
Кај нас има ритуал. Еве ваков. Во 10 часот за прв пат ја изустувам реченицата ајде на спиење. И големиот вика нема шанси, јас не спијам. Малиот трча по соба и вика не, не, не, не! За кратко време повторно ја кажувам реченицата, големиот вика ми се вечера, а малово истото од предходно, трча и вика не, не, не! Откако ќе вечера големиот( а тоа и не е вистинска вечера, оти веќе е вечеран а ова му е само купување на време) повторно ја кажувам мојава речеиница и големиот вика само уште овој цртан, или само уште ова да го добојам или нешто такво слично а малово веќе почнува да се тетерави, ама си стои на неговото не, не, не. И така мажле присилно го зема малово и го носи на бањање и заспивање. Во меѓувреме јас со големиов остануваме да се убедуваме уште малку дали дошло време за спиење, како вомомнтов на пример се додека и тој скоро не заспие у дневна, па после го мрзи да се бања, а понекогаш дури и да си измие заби. Па се расправаме околу тоа и често и со плачки легнуваме. И ова е секој ден без исклучоци. Баш убав ритуал си имаме.
|
|
|
|