AnnaMolly RR -> RE: Бременост после спонтан абортус (8.5.2015 15:14:16)
|
Проблемот беше што имав плацента превија и плацентата се расцепила на неколку дела и била полна со хематоми, па бебето не добивало доволно кислород и храна. Инаку бебето било здраво, право, без никакви аномалии генетски или физички. Сега треба да правам само пап, брисеви и веројатно ТОРЧ и тоа е тоа, може да се фатиме пак за работа, само што мене ми е страв и се уште не сум подготвена за друга бременост. Нека помине барем една година (тоа беше на 16 август) па ќе почнам да размислувам. Имам едно здраво право детенце и ми дава утеха, сигурна сум дека би ми било милијарда пати потешко да бев без детенце.
|
|
|
|