Затемнување на Сонцето (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Felly RR -> Затемнување на Сонцето (20.3.2015 11:06:48)

Рингерајки, веќе почна затемнувањето на Сонцето, но кај нас ќе биде само делумно и според скопското Астономско друштво, затемнувањето во Скопје веќе почна во 9:37, максимумот ќе биде во 10:45, а ќе заврши во 11:56 минути. За време на максмумот ќе се гледаат 43,5 проценти од дискот на Сонцето.
Препораките се да не се гледа директно во Сонцето, без специјални очила или да се користи маска за заварување.
Според астрономите следно помрачување на Сонцето ќе се случи на 12.1вгуст.2026

Може во живо да го следите затемнувањето на Сонцето ТУКА.




Melanija RR -> RE: Затемнување на Сонцето (20.3.2015 12:07:02)

Сабајле прочитав и баши тоа време кога почна бев во продавница заглавив на каса.Во 11ч дојде некој облак многу се раздува
Ова во живо е интересно.Мислам дека имаше вакво нешто крајот на 90тите знам средно бев, или нешто потоа




lukajana RR -> RE: Затемнување на Сонцето (20.3.2015 13:39:06)

Јас го заборавив затемнувањето а баш сакав да видам знам кога бев мала исто имаше како што рече Меланија и со сестра ми седевме дома не ни даваа да излегуваме опасно било.А сега кога никој не ми забранува го утнав [sm=smiley36.gif],ајде наредна прилика




Felly RR -> RE: Затемнување на Сонцето (20.3.2015 13:53:34)

Lukajana, исто и кај нас минатиот пат, хехеее, мајка ми затвори прозорци/врати ролетни спуштени, не смеевме да излезиме [sm=smiley36.gif] а сега мм излезе, демек со наочари за сонце ќе го гледа, ама било мн јако. Да знаев дека така ќе пробува да го гледа, и јас немаше да го пуштам да излезе [sm=smiley36.gif] па дури и пробал со телефон да го слика, ама ништо од сликата.




lukajana RR -> RE: Затемнување на Сонцето (20.3.2015 13:58:59)

Felly ама тогаш и многу фама се крена како горело кожа се ослепувало и сл.работи и не затворија дома исто така со спуштени ролетни а пусто детска љубопитност мислиш којзнае што е ,колку сакав да ѕирнам тогаш,а сега заборавив[sm=smiley36.gif]




Страница: [1]