Временска машина (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


profesorica -> Временска машина (30.10.2009 12:22:39)

Кој период од историјата ви изгледа најинтересен, во кој би сакале да се вратите..да прошетате..да живеете..
И зошто?




vezilka RR -> RE: Временска машина (30.10.2009 14:29:13)

уф, јас би сакала да се вратам во сите периоди по малку, онака да ѕирнам, да видам како навистина се живеело и дали има некаква врска со тоа што го знаеме ние денес, да се сретнам со некои фаци како на пример со Платон, Ван Гог, царица Теодора или Ајнштајн..ама не би се осмелила да живеам во ниеден од нив, особено не како жена, оти жените имале прилично тежок живот до скоро..ако може временската машина да ме однесе во иднината, таму ќе се решам да поживеам..:))




profesorica -> RE: Временска машина (30.10.2009 14:30:10)

Јас би сакала да се вратам во:

Петтиот милениум пред нашата ера во Месопотамија, да прошетам низ градовите-тврдини, да ги видам градините со фонтани полни со ориентални форми и егзотични бои, зигуратите, ѕвездариумите..

Третиот и вториот милениум пред нашата ера во Египет, во времето на Кеопс, Тутмес, Хатшепсут, Аменофис, Ехнатон, Нефертити и Тутанкамон, кога се изградени најубавите градби - од градови, до пирамиди и храмови..

а вие?




profesorica -> RE: Временска машина (31.10.2009 11:05:42)

ајде и другите да го чујам (прочитам) вашето мислење????




elle -> RE: Временска машина (31.10.2009 11:11:02)

Ова прашање е како создадено за мм. Јас ќе одговорам за него сигурно за време на некоја војна или светските или во времето на Наполеон...
А јас би сакала да отидам во иднината повеке отколку во минатото...кога би можело...




Страница: [1]