AnnaMolly RR -> RE: Кучиња без ланец и маска?!? (8.10.2013 10:44:44)
|
Со Carrie RR имаме иста раса кучиња, нејзиното машко, моето женско :) Се сметаат за „опасни“, ако не и едни од најопасните раси, а кучето е бетер него маче. Мирно, внимателно, не лае на непознати, обожава деца, не скока по луѓе...Со Филип се неразделни, детево му брца прсти во очи, нос, уста... А Куба (кучево) седи мирна и не мрда, го толерира до крајност, никогаш за оваа година и пол што ја имаме не покажала агресија или нешто лошо спрема кој било. Непознати луѓе ако ни дојдат во двор што не ги видела, се повлекува во бокс ако и речеме или ако не се плашат луѓето ги мириса и се трга, без лаење, без ништо! Ама никогаш не би се осудила да го шетам без ланец. Никогаш. Маска не сме употребувале, ама се сложувам 100% со сандриана, тоа не само што е заштита за околината, туку пред се е заштита за самото куче.
|
|
|
|