| 
				  miana ->  RE: Кампување  (25.8.2013 15:03:01)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Ајде да си се јавам на темава. Знаете како заврши мојот одмор. Ке кажам за кампување за хиперактивни деца до 4 години - НИКАКО..Јас незнам како со ова дете 20 месечно,радознало,појдов во камп.Ако дома во двор постојано одам по неа - половина час и ми се смачува,во кампот од 08 ч до 22 ч ( со кратка пауза од еден час за спиење преку ден ) НОН стоп некој мораше да оди по моето зверче.По цел ден е надвор,на слобода..На плажа јадеше песок и пикаше камење во уста [sm=zmeden.gif] За мир во кампот и да не се смее народ морав да и одам по меракот нејзин ( да не се караме и урламе ) Со оглед на тоа дека бевме во близина на тоалетите,трча постојано натаму,се и е на дофат.Јас сум се завртела- таа право во фрижидер кај јајцата,се вртам на друга страна таа кај садовите - и се така и така..10000000 пати се покајав и си реков додека не наполни 4 години ,нема шанси веке да кампувам ( мада никад се незна [sm=jezicek.gif] )  Инаку големово дете буквално уживаше.Јас мислам дека најубав помин имаат децата на воваа возратс после 4 години,во камп..Навистина уживаат на слободичка,се дружат со деца - преубаво им е.Точак и носевме,си се вози,си ужива. Во главно мене овој одмор ми беше УМОР 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |