niki -> RE: Потење навечер (19.10.2009 12:02:22)
|
Епа вака ќе ти кажам надица. Мм и јас спиеме во иста соба на иста температура, тој откриен само на гаќи и маица и испотен, јас покриена до врат со фротирка и ќебе и во пижами и пак некое време ладно ми е. И по кого да се водиме ладно е во собата или топло, а температурата е околу 20 степени. Сите различно ја доживуваме температурата, па и децата. Сепак ориентирај се според однесувањето на детето, а не толку дали тебе ти е ладно или топло. Незнам како ја облекуваш, ама ако носи маица и пижами, извади и ја маицата исто и чорапите ако ги носи и пак покри ја, ако уште се поти земи потенко кебенце, незнам пробај различно ќе најдеш начин да ја преспиете ноќта без да се потите. Можеби навечер бидејки е заиграна и уште е топла па кога ќе легне и ја покриеш се поти, па пробај да ја оставиш откриена да заспие и после саат два кога ќе и пристуди да ја покриеш. Во секој случај имаш избор или да пробаш различни начини на облекување и покривање или да продлжиш исто и да се поти па да ја преслекуваш.
|
|
|
|