| 
				  Bethany ->  RE: Лето 2013  (7.8.2013 13:37:30)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   vakancija, знам дека се скоро здружени места, ама јас сепак бев во Флогита, а претпоставувам истите плажи се и во Плагиа.   Помирно е во новиот дел од Флогита, стариот дел е поубав, ама и пожив, со музики, повеќе млади,  барем беше така, сега не знам како е, ама сигурно уште повеќе народ има. А за смештајот, знам дека има многу во Флогита, едно до друго, сепак е местенце баш за туристи, не знам за Плагиа, вероватно е слично. А за смештајот: укуцај на фејсбук Флогита Соња (латинично) и ќе ти излезе страна, женава издава смештај во повеќето вили, на различни локации, па ете чисто некоја ориентација да знаете што и како. Може и да ја контактирате и прашате за инфо. Така ние најдовме смештај. Сепак ако мт не е баш заинтересован за барање смештај на лице место, можеби подобро од тука да бидете осигурани или да имате некој ориентир барем. [sm=smiley1.gif]   Во секој случај, мислам убаво ќе се поминете, па пиши впечатоци. [sm=smiley1.gif]      Пс. ако не можеш да ја најдеш странава, пиши ми, ќе ти го пратам линкот по пп.           
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |