mami2 -> RE: Дом за стари лица (14.2.2013 14:28:11)
|
Сум за користење на услугите на домовите за стари лица. Особено кога човекот е немоќен да се грижи за себе, кога се работи за мозочни удари, скршени колкови, хендикеп, немање на ментални капацитети за секојдневно функционирање и сл. Нит сум медицинско лице, нит имам желба да бидам негувателка, завршив со пелени за мојов живот Што можам да правам јас кога стариот човек ќе има потреба од моја поддршка? Имам две деца кои сега ќе започнат со школување, па веројатно ќе одат на хоби, јазик, спорт, работам во смени, мм со свои обврски... мислам дека сме вообичаено семејство. Тоа би било трка со времето, купи нешто однеси, ѕирни низ дома, два реда муабет и бегај....стариот човек незадоволен од посветената грижа и време, а јас со мислите каде треба да бидам и со топка во градите дека ми е преку глава од се`. И ова во услови да има платено друго лице, некоја комшика што се нафатила, за чистење, перење, готвење, ама па доаѓа 8 часа дневно. Ова сценарио, филм не сакам да го доживеам. Похумано е да престојува во дом каде ќе има нега 24/7, па уште ако може стариот човек да се самофинансира, супер. Ние ги наследивме предрасудите од минатото, колку пати сум чула „го дадоа во дом“ божем човекот го однеле во наци-логор. Ама на времето биле по 6-7 деца па се менувале, жените по дома, живееле во заедница и било полесно за организирање. Денес јас би требала да го сменам начинот на живот за ваква жртва, каде се потребите на моите деца, мм, домот, личниот живот. Единствено ако старите се во длабока старост, ама се грижат за себе, на нога се што се вика, тогаш би размислила дали би оделе во дом. Веројатно би се нафатила да пружам помош, да одам со децата на гости почесто, ама да не доживеат трауми од состојбата на баба и дедо, да ги однесам на лекар, да дојдат кај мене на неколку дена, тоа од денешен аспект ми изгледа прифатливо. Ќе зборам за некоја година веројатно пак....
|
|
|
|