mother 29 -> RE: Индиго деца (7.10.2009 18:53:06)
|
Тоа се еден посебен вид луге кои имаат посебна мок,а една од нивните способности е и астралното патување.Така едно индиго дете од Русија при неговото астрално патување 'слетал' на некоја ѕвезда од дотогаш непознато соѕвездие за астрономите и тоа по некој ден за го соопштил на некој руски астроном. На тоа астрономот одговорил дека тоа соѕвездие сеуште не е познато и за големо изненадување по некоја година истото соѕвездие било откриено. Неретко се случува на возраст од само неколку години, да ги известат родителите дека сами ги избрале, да ги учат на моралните вистини и да ги смируват во поглед на материјалното. Иако, во основа станува збор за смирени, но исклучително емотивни деца, тие често од раната возраст имаат проблеми во социјалниот контакт. Бидејќи се сеќаваат на претходниот живот, во своето сегашно тело како да не се потполно “удомени„ и не чувствуваат целосна припадност на овој свет. Од друга страна, се под силно емотивно влијание од надворешниот свет, не само од поблиската средина, за која главно имаат чувство дека не ги разбира, туку и на глобално ниво. Имаат многу развиен сензибилитет за неправда, несреќата на човештвото, сиромаштијата, глад и слично и таквите работи длабоко ги загрижуваат. Токму поради тоа често доаѓаат во судир со средината бидејќи не дозволуваат да се манипулира со нив, да им се заповеда без реална причина, тешко ја поднесуваат дисциплината и авторитетот. Според некои, денес на светот постојат околу 15 до 20 милиони индиго деца, од пет различни генерации. Првата генерација се појавила во педесетите години од минатиот век. Тие се чувствувале поинаку, како да не припаѓаат на семејството, како да се родени во погрешно време и на погрешно место. Осумдесетите години се појавила и третата генерација со чии карактеристики доминираат слабата енергетска обвивка, подложни се на влијание и често имаат дијагностикувано хиперактивно пореметување. Со преминот во новиот милениум, се појавила петтата генерација на Индиго деца, кај која хиперактивноста исчезнала, а изразена е чувствителноста и повлеченоста, па дури и склоност кон аутизам. Токму затоа се почесто се појавуваат институции кои ги прифаќаат индиго децата и смислуваат начини како да им помогнат во прилагодувањето. Авторите Венди Чепмен и Лори Џонсон говорат за уште понапредна генерација на индиго деца, која ја нарекуваат Кристална, а нивна теорија е дека всушност станува збор за деца кои боледуваат од аутизам. Овие деца ги опишуваат како подвижни антени кои ги впиваат сите психички, физички, емотивни, електромагнетни и други вибрации што не опкружуваат, како деца зануркани во бескраен океан на мириси, звуци, бои и емоции, а единствена заштита им е менталната. Затоа тие се повлекуваат во свој внатрешен свет, фиксирајќи се на еден објект или активност, додека се друго исчезнува. Аутизмот на кристалните деца им е очајничко средство на самозаштита на исклучително ранливиот сензибилитет. Бидејќи за ова пореметување не се знае многу затоа што стручњаците не успеваат да допрат до аутистичните деца, не е исклучена ниту оваа можност. Примери на чудно однесување на необични деца околу нас има безброј, а вистинската граница меѓу невообичаеното и индиго е тешко да се повлече. Тоа се уште ќе остане тајна, бидејќи ретки се оние надарените со способност да ја видат бојата на аурата..... овие деца се наречени шеста раса поради што нивната аура е шеста досега позната инаку веќе постои апаратура со чија помош се гледа човековата аура затоа што тоа се всушност електромагнетни бранови произведени од човечкото тело
|
|
|
|