| 
				  Еца ->  RE: Совети за секој од нас  (12.7.2009 0:21:24)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Еве интересни, но делотворни совети за секоја од нас [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]      * Ако месото кое го приготвувате не омекнува, во сосот додадете малку сода бикарбона и веднаш ќе забележите голема разлика.      *Ако не го сакате јакиот мирис на морската риба, тогаш кога ќе ја подготвувате, отстранете ја тенката кожичка од неа и рибата од внатрешната страна протријте ја со сол и оцет или сок од лимон.      *Ако супата е премногу солена, ставете излупен жив компир и варете уште 15-тина минути.      * Ако сте гризнале многу лута пиперка не пијте вода, затоа што на тој начин само ќе го засилите дејството на лутината. Подобро е на јазикот да ставите малку сол, која ќе ја ублажи лутината.      * На сите јадења кои ги подготвувате од мелено месо додајте малку лимонов сок и ќе бидат многу повкусни.      *Ако сирењето станало тврдо и суво не мора веднаш да го фрлите. Ставете го во млеко неколку часови и повторно ќе ја врати својата свежина.      *Ако немате прашок за печиво, земете рум. 3-4 лажици рум на тестото ќе делуваат исто како прашокот.      * Ако супата ви изгледа премасна, ставете едно парче стар леб кој ќе ја собере маснотијата. Истото можете да го изведете и со ладна супена лажица, која ако ја ставите во супата ќе ја собере околу себе маснотијата.      * Ако сакате сувото грозје да не ви пропадне во долниот дел на колачот, туку да биде рамномерно распоредено, тогаш пред да го ставите извалкајте го во брашно.      * Ако не сте сигурни дека јајцата се свежи, а вам ви треба цврст шлаг, тогаш пред да го вклучите миксерот, ставете малку сок од лимон. ●    
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |