| 
				  Maca25 ->  RE: Во која градинка?  (10.5.2011 9:51:52)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Не знаев каде да пишам, па ај си викам овде.   Ќерка ми од лани ова време оди во градника. Најпрво почна во јасли со 14 месеци. Супер и беше и многу ги сакаше негователките. Во септември мислевме дека ќе ја прфрлат во прва мала група, ама ја ставија во втора јасли, нешто као поголемки бебиња. И навистина ептен се бебиња тие што се таму. Ниту зборат, едвај одат, ептен се мали.   Ќерка ми е може понапредна, зборува убаво, јаде сама, нема пелени, кажува кога нешто ја боли, црта, бои, раскажува приказни...а нема до кого во групата. Додуша има 2 девојчиња кои зборуваат и се поголемки, ама кога одат кога неодат. И пред некое време ќерка ми дома ми раскажува за во градинка..и ми вика: не сакам во градинка, таму има само бебиња и многу плачат. Дури и негователките ми рекоа дека и е досадно на Нина и дека треба да биде во поголема група.    И јас го гледам детево мое дека сака песнички, сака да црта, сака да раскажува приказни, и одлучив да ја префрлам во поголема група.    Градинката не практикува префрлување во тек на годината, но со врски се се може. бев кај главната негователка и и кажав.    Најверојатно од следната недела ќе ја префрлат, ама сега пак јас се мислам дали направив грешка. Што ако и направам стрес сега, нова средина, нови деца, ново шкавче и што е најважно нови воспитувачки?!?!       Што мислите? Направив грешка или не?    
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |