Еца -> RE: Македонска енциклопедија (16.9.2009 23:46:00)
|
Македонската академија на науките и уметностите денеска свечено ја промовираше двотомната општа Македонска енциклопедија. Една од нејзините карактеристики, со оглед на фактот што оваа енциклопедија на МАНУ го носи предзнакот 'Прва македонска и национална', мораше историските факти да ги ослободи од туѓи влијанија и научно да ги преведува, беше речено на промоцијата. „Македонската енциклопедија мораше да ослободи бројни историски факти од туѓите историски наслојки и со нивното научно превреднување, да ги постави темелите на едно автентично изворно македонско гледиште", вели Георги Старделов, претседател на МАНУ. Потпретседателот на Ману Владо Камбовски рече дека книгата не е за делби и спорења. „Со целиот свој текст, со секоја своја одредница таа се однесува на спротивното - на хармонија, толеранција, заедништво." Беседа за Македонската енциклопедија одржа и академик Гане Тодоровски. Енциклопедијата се подготвуваше 10-тина години, ја следеа и финансиски скандали, одлуката од повеќетомна да се претвори во двотомна била донесена 2005 година. На неа работеле 24 редакции и вкупно 266 автори. Главен редактор е академик Блаже Ристоски. „На овие 1.671 енциклопедиски страници, преку 9.000 одредници придружени со околу 5.000 илустрации, се обидовме да направиме една сублимација на медиумскиот развој на нашата земја и цивилизациските епохи во историскиот од на еден народ", рече академик Блаже Ристоски. „Тоа се милионски синтетизирани податоци, факти и аргументи за легитимитетот на Македонија во историјата и во современоста", додаде Ристоски. Премиерот Груевски очекува Македонската енциклопедија наскоро да излезе и на англиски јазик. „Овој проект можеби не е приказ на целокупниот живот и развиток на Македонија, но ова дело автентично го скенира македонското гледиште за културното и национално политичко минато и сегашност и претендира да стане објективна, интегрална информација за нас и нашата земја", изјави премиерот Груевски. МАНУ продолжува да работи на повеќетомната општа Македонска извор А1
|
|
|
|