mmilena2 -> RE: Купи куќа, купи стан (3.9.2011 0:50:17)
|
jas ja pronajdov ovaa informacija: Почитувани граѓани! Задоволство ни е да ве информираме дека Владата на Република Македонија преку Министерството за финансии, во следните 4 години ќе реализира два проекти со цел да им помогне на граѓаните на кои не им е решено станбеното прашање и немаат сопствен дом и живеалиште. Двата проекти се: 1. Пола-пола рата за првите пет години и 2. 50% учество за купување стан односно изградба на куќа. 1. Пола-пола рата за првите пет години Со првиот проект е предвидено субвенционирање на половина од месечната рата од станбен кредит за првите 5 години од отплатата на кредитот. Услови за користење на субвенциониран кредит се: - Максималниот износ на кредитот наменет за купување на стан или за изградба на куќа кој што ќе биде субвенциониран е 50.000 евра во денарска противвредност. Доколку кредитот е поголем од 50.000 евра, субвенционирањето нема да се однесува за износот што ја надминува оваа сума.
- Рокот за враќање на кредитот не смее да биде пократок од 20 години.
- Каматата на кредитот во првите 3 години не смее да биде поголема од 4,99% годишно. Доколку каматата е повисока од овој износ, корисникот на кредитот го сноси износот над субвенционираната камата од сопствени средства.
- Продажната цена на станот со пресметан ДДВ не смее да надминува 900 евра за квадратен метар корисна нето-површина.
- Средствата за субвенционирање на пола-пола рата се неповратни, што значи, по завршувањето на периодот во кој државата плаќа половина од ратата на станбениот кредит, корисникот нема обврска истите да ги врати.
2. 50% учество за купување стан односно изградба на куќа Законот за субвенционирање на станбени кредити со вториот проект овозможува државата да плати 50% од учеството во кредитот за купување стан односно изградба на куќа, при што: - Максималниот износ на кредитот наменет за купување на стан или изградба на куќа, кој што ќе биде субвенциониран е 50.000 евра. Доколку кредитот е поголем од 50.000 евра, субвенционирањето нема да се однесува за износот што ја надминува оваа сума.
- Се субвенционира половина од учеството за кредитот, кое не смее да надминува 25% од кредитот за целиот стан односно куќа. Останатите 50% од учеството ќе ги обезбеди корисникот на кредитот. Така, доколку кредитот изнесува 50.000 евра, во денарска противвредност, максималното учество за него би изнесувало околу 12.500 евра, од кои половината или 6.250 евра, ќе ги обезбеди државата.
- Рокот на отплата не може да е пократок од 20 години.
- Каматната стапка треба да е пониска од 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.
- Ако се работи за кредит за купување на стан, продажната цена со пресметан ДДВ не смее да надминува 900 евра за квадратен метар корисна нето-површина.
- Средствата обезбедени од Буџетот на Република Македонија корисниците ќе почнат да ги враќаат по 20 години, без камата, на 5 еднакви годишни рати.
Барање за користење на субвенциониран кредит се поднесува до деловната банка, која ја проценува и одлучува за кредитната способност на барателот. Условите кои треба да ги исполни барателот за субвенциониран кредит се: - Да нема во негова сопственост, заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар, стан односно куќа, или во сопственост да има само еден стан или една куќа која ја продава заради купување на поголем стан, односно куќа за потребите на сопственото домување,
- Лицето или неговиот брачен другар да нема подигнато друг станбен кредит,
- Заедничката заработувачка заедно со брачниот другар да не надминува нето износ од 900 евра месечно, во денарска противвредност,
- Станот кој се купува односно куќата која се гради да е новоградба со сета потребна документација (имотен лист, дозволи и одобренија за градба),
- Да се купи директно од инвеститорот или од изведувачот на станбениот објект.
Проектите ќе се реализираат во соработка со банките, а при склучувањето на договор со нив, посебно ќе се предвиди: - Забрана за давање на недвижноста под закуп (кирија),
- Забрана за дополнително оптоварување на недвижноста со хипотека,
- Обврска за пријавување на местото на живеење на адреса на новиот стан односно куќа во рок од 15 месеци од денот на склучување на купопродажниот договор.
Барањата за субвенционирани кредити ќе можат да се поднесуваат по отпочнување со примена на Законот за субвенционирање на станбени кредити, односно од 1 Јануари 2012 година, од кога ќе почнат да се одобруваат и средствата за субвенционирани кредити. Министерството за финансии ќе објави јавен повик, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани преку средствата за јавно информирање. Со овие мерки и натаму ја потврдуваме нашата посветеност и целосната поддршка кон решавање на проблемите од вашето секојдневие, подобрување на животниот стандард и подобра иднина на сите граѓани на Република Македонија. Предлог закон за субвенционирање на станбени кредити
|
|
|
|