Светски ден на писменоста (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Еца -> Светски ден на писменоста (8.9.2009 18:46:21)

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) во 1967 година го прогласи 8 септември за Меѓународен ден на писменоста со цел секоја година на тој датум да се истакне важноста на читањето и писменоста во животот на поединецот и друштвото во целина.

Според податоците на УНЕСКО и други меѓународни организации, од вкупниот број неписмени во светот, две третини се жени, а 113 милиони се деца.

Најмалку 862 милиони луѓе во светот се неписмени, покажуваат податоците објавени по повод 8 септември,  ден на писменоста.




mami -> RE: Светски ден на писменоста (9.9.2009 9:09:54)

Колку страшен податок..особено кога ке го земеш во предвид фактот дека има еден тон професори кои седат без работа или работат нешто сосема друго...а и моментот дека милион други фактори влијаат за тоа дали некој ке си го прати детето на училиште- традиција, убедувања, финансиски момент, географска местоположба...КОлку би било убаво кога сите би имале исто право и исти можности да учат, ако ништо друго да ја добијат основата- читање и пишување




Страница: [1]