Elce -> RE: Папче (22.8.2013 20:44:06)
|
Темава одамна не била активна,па ајде малку да ја освежиме.Мојот И.има 22 дена на 7-миот ден му падна папчето и почна по малку да крвари,инаку внимававме на капење ама сепак се мокреше,некои велат да се мокри,некои не,користевме само алкохол за чистење.Но крварењето не престана,не некое големо крварење но сепак крвари,згрутчена крв а понекогаш начекувам и свежа крв. На 13 дена му ставија на клиника Вит К 3.5 мг за после тоа да крвари пак 3 дена,па 2 дена му беше добро и еве денес пак имаше крв сабајле и околу 12 часот пак имаше свежа крв,и ајде пак го однесовме на клиника,го прегледаа и пак му ставија вит К 4.5 мг. Е сега грижата ми е дали е тоа преголема количина на вит К значи кога се раѓаат им ставаат 1мг на болница и сега овие вкупно 9 мг во рок од 22 дена но новороденче со тежи 4250 г. Читав дека вит К има и лоши последици како мозочни удари,аутизам,епилепсија и сл,и воопшто не сум смирена,дали згрешив што го однесов или правилно постапив,нашиве доктори као нема гајле.Ако имате искуство ве молам пишете,прочитав дека Везилка РР имала сличен проблем,ако прочиташ пиши.
|
|
|
|