8 фебруари Светски ден за безбедност на децата на интернет (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


big_mama817 -> 8 фебруари Светски ден за безбедност на децата на интернет (9.2.2011 9:53:55)

[image]http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/5ACC44B8DD1BB741A630F17063E8165D.jpg[/image]
Во организација на „Мајкрософт“ во Македонија, а во соработка со Британскиот совет и УНИЦЕФ, денеска во Скопје почна втората кампања за безбедност на децата на интернет. Годинашнава кампања се фокусира на претставување на клучните теми за полесно разбирање на ризиците и опасностите кои ги демнат младите на Интернет, заедно со практичните совети за заштита на децата на Интернет.

Илијанчо Гаговски, генерален менаџер на „Мајкрософт“ во Македонија изјави дека идејата е да се обрне внимание на сите опасности кои потенцијално ги демнат децата на Интернет, да им се помогне со информации за да ги препознаат тие опасности.

Тој најави дека следните месеци ќе има повеќе активности кои ќе бидат насочени кон пренесување на оваа порака во училиштата, како и преку медиумите, со детската емисија „Пет плус“. Гаговски додаде оти не се работи за конкретни технички мерки туку за тоа да се подигне свесноста кај децата или за едукација на најмладите за тоа како треба да се однесуваат на интернет за да останат безбедни.

Во рамки на кампањата беа дистрибуирани „игра за учење“, наменета за деца до 14 години, прирачници и едукативни содржини наменети за наставниците, содржини за заштита на децата на интернет во форма на прирачник кој се однесува на родителската и семејната контрола на она што се посетува на Интернет.






Страница: [1]