Viktori -> RE: Сакам базен!!! (10.7.2011 15:00:51)
|
да Рина, ама во најава беше дека прво ќе биде отворен за професионалци. ________________________________________ Виа ВЕСТ ОТВОРЕНА СЕЗОНАТА ЗА КАПЕЊЕ ВО СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР "БОРИС ТРАЈКОВСКИ" Базенот "Младост" ќе се чисти без хлор [image]http://www.vest.com.mk/WBStorage/Articles/B5FB9F175B7A9F4B97EB0AF1AC4762C8.jpg[/image]Базенот "Младост" во населбата Карпош е отворен за капење. Влезницата чини 150 денари, а месечниот билет - 2.500 денари. Во обновениот базен е инсталиран нов систем на филтрација на водата со ултравиолетови зраци, што значи дека хлор нема да се употребува. Водата ќе се загрева преку соларни панели и воздушни пумпи. Освен нова инсталација, базенот има и нов покрив. Фасадата е комплетно реновирана, како и вецињата и соблекувалните. Ѕидовите се излепени со нови плочки. "По триесет години, Скопје доби базен опремен според сите стандарди на Меѓународната пливачка федерација. Новиот базен ќе служи за спорт, рекреација и за разладување на граѓаните. Уредувањето на надворешноста нè чинеше 230.000, додека за екстериерот на базенот, Владата даде 850.000 евра", рече Ратко Капушевски, директор на спортскиот центар "Борис Трајковски". Освен што е обновен базенот, направено е и игралиште за одбојка, а, според најавите на Капушевски, во следните два месеца ќе бидат изградени и сала за бокс, игротека и кафетерија. Базенот се реновираше осум месеци. Советот на Општина Карпош донесе одлука базенот да се вика Атина Бојаџи, во чест на нашата пливачка, но директорот Капушевски најави дека за тоа допрва треба да направат анкета меѓу граѓаните. (М.Ѓ.)
|
|
|
|