big_mama817 -> RE: Уредување на домот по Фенг Шуи (1.10.2009 10:47:28)
|
Фенг шуи (традиционално: 風水; упростено: 风水; пинјин: fēng shuǐ; мак. транскр.: фенг шуи; се изговара /ˈfəŋˌʃueɪ/) е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. [1] Оргиналната апелација за дисциплината е Кан Ју (традиционално: 堪輿; упростено: 堪舆; пинјин: kānyú; мак. транскр.: Кан ју; буквално: Тао на небото и земјата)[2]. Зборовите фенг шуи буквално би се превеле како „воздух-вода“ на македонски. Ова е кратенка која е земена од следниот пасус на Џангшу (Книгата на закопот) од Гуо Пу од династијата Џин: Чи го јава ветрот и се распрснува, но се задржува кога ќе дојде во допир со водата. Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи е праксата на аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места. Целта на фенг шуи, онака како што денес се практикува, е да се постави градбата онаму каде што поминува добрата енергија „чи“ или „ки“. Постојат места кои не се добри за домови на луѓето, и се вели дека е подобро да бидат оставени во нивната природна состојба. Поларитетот во фенг шуи е изразен преку теоријата за јин и јанг, што понатаму се поврзува со биполарното магнетно поле, но и со теоријата за петте елементи. [14] Петте елементи кои се користат за потребите на фенг шуи се: вода, дрво, оган, земја и метал. Умешноста на фенг шуи мајсторот е да ги избалансира јин и јанг, како и петте елементи во просторот. Затоа се вели дека фенг шуи е во врска со балансирањето на енергијата. Четирите главни правци во просторот се поврзуваат со четири големи соѕвездија, познати во Кина како четири небесни животни. Тие се: Исток: Зелен Змеј (пролетна рамноденица) --- Niao (птица), α Hydrae Југ: Феникс (летен солстициум) --- Huo (оган), α Scorpionis Запад: Бел Тигар (есенска рамноденица) --- Xu (празнина), α Aquarii, β Aquarii Север: Црна Желка (зимски солстициум) --- Mao (коса), η Tauri Pleiades Извор:Википедија
|
|
|
|